Радован П. Цветковски
Радован П. Цветковски (3 септември 1931 — 23 јануари 2022) — македонски поет, раскажувач, книжевен критичар, писател за деца и млади и фолклорист. Роден е во Сопотница, Демирхисарско. Основното образование го започнува во родното село, а го завршил во Битола (1947). Средното образование го започнал во Учителската школа „Браќа Миладиновци“ во Битола, а го завршил во Учителската школа „Никола Карев“ во Скопје. Потоа продолжува на Вишата педагошка школа и Филозофскиот факултет - група југословенска книжевност со македонски и српски јазик. Првото вработување му било како учител во селото Лесково, а учителствувал и во други села во Демир Хисар (Радово, Сопотница, Жван и Прибилци). Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија.[1] исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.[2] Починал во 2022 година по кратко боледување.[3] БиблиографијаПоезија
Проза
Проза за деца и млади
Критики и студии
Дела од фолклористика
Дела од областа на дијалектологијата
Други книги
Награди и признанија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia