Радомир (врв)
Радомир (старо: Калабак[2]; бугарски: Радомир, грчки: Καλαμπάκα, Калабака) — највисок врв на планината Беласица. Висок е 2.029 м[1] и се наоѓа во Петричко, на самата границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. МестоположбаВрвот е сместен 9 км југозападно од градот Петрич. Се издига на главното планинско било, западно од врвот Дебело Брдо и источно од врвот Лозен. Има пирамидален облик со многу стрмни падини на запад и југ. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвите околу него се планинско-ливадски и кафеави шумски, а покриен е со подалпската тревна растителност. По билото поминува државната граница меѓу денешна Бугарија и Грција. Обележан е со граничната пирамида бр. 24. ИмеСè до 29 јуни 1942 г. врвот го носел името Калабак, кое и денес се користи меѓу мештаните. Новото име му е дадено во чест на македонскиот цар Гаврил Радомир. ПатекиГлавни пристапи за искачување на планината се градот Петрич (6 часа), селото Димидово (денес Самуилово, 5 часа), и планинарските домови „Лопово“ (2 часа), „Конгур“ (3 часа) и „Беласица“ (4,5 часа) од бугарска страна, како и селото Мандраџик (6 часа) од грчка страна. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia