Мандраџик
Мандраџик (грчки: Μανδράκι, Мандраки; до 1926 г. Μαντρατζίκ, Мандраѕик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3] ГеографијаСелото се наоѓа северозападно од Сер и западно от Валовишта, во живописно место на подножјето на Беласица. Јужно од него е Бутковското Езеро. Мандраџик е едно од згодните поаѓалишта за искачувањето на првенецот на Беласица — врвот Радомир (Калабак) и високите делови на планината. Селото се наоѓало на околу 1 км посеверно од денес, пред да биде преместено со замената на населението во 1920-тите. ИсторијаВо селото има остатоци од средновековна тврдина — таканаречената Циганска кула.[4] Во Отоманското ЦарствоВо XIX век и почетокот на XX век Мандраџик било село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мандраџик (Mandradjik) било село во Серската каза со 19 домаќинства сочинети од 46 муслимани.[5] Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Во 1894 г. Густав Вајганд („Аромани“) напишал: „стигнавме по добар пат во околината на селото Мандраџик. Посред таканаречената Циганска кула стигнавме во селото. Просторот на оваа кула има квадратен облик и е обработен со една ѕидина, широка до еден метар, а висока 2-5 метри. На некои места се гледаат траги од прозорци, но не се забележуваат никакви украси, ниту пак натписи. Луѓето кажуваат дека тука некогаш живеел циганскиот крал.“[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Турци.[7] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 63 жители, кои во 1920 г. се свеле на 29 лица.[3] Во 1923-1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Мал Самоков и Трулија, Источна Тракија.[8] Во 1926 г. селото е преименувано во Мандраки, а куќите се изградени на 1 км јужно од постоечкото село.[3] На пописот од 1928 г. селото били чисто дојденско со 278 лица (67 семејства).[9] Во 1940 г. Мандраџик имал 421, а следната година 313 жители.[3] Населението доживало значаел пораст за време на Граѓанската војна кога тука се доселиле жителите на соседното планинско село Мешели. Така, во 1951 г. селото веќе имало 737 жители.[3] По краток период на понатамошен пораст, населението доживеало голем пад поради иселување во поголемите градови. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia