Религија во ГвинејаРелигијата во Гвинеја има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 85% од населението се муслимани а 8% се христијани додека 7% припаѓаат на останатите религиозни групи или се нерелигиозни, според податоци на CIA factbook[2]. Според ARDA, 84.8% се муслимани, 3.7% се христијани, и 11.3% се анимисти[3]. ИсламНајголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и Кадирија[4][5]. Исламот се проширил од неговото родно место во Арапскиот Полуостров во Африка. Сундијата Кеита (1217-1255), основач на Царство Мали (кое опфаќало дел на денешна Гвинеја, како и други земји), не бил муслиман, но од 1300 година неговите наследници го прифатиле исламот[6]. Десеттиот владетел на империјата, Муса I (1280-1337), исламот го направил државна религија[6] . Фута Џалон, планински регион на Гвинеја, станал упориште на исламот од крајот на 17 век.[7]. Имаматот Фута Џалон, муслиманска теократска држава, била основана околу 1725 година[8]. Во времето на колонијалната ера, во 1891 година била основана Француска Гвинеја, но новата власт имала мала улога во влијанието на религијата[6]. По прогласувањето на независност во 1958 година, првиот претседател на земјата, со марксистички погледи, се обидел да го намали влијанието на исламот, но неговата популарност се намалила и во 1970 година тој морал да започне преговори со муслиманските институции за озаконување на неговото владеење[4]. Во 1982 година била изградена Големата џамија во главниот град Конакри, со финансии од саудискиот крал[9]. Оваа џамија е најголемата џамија во Западна Африка, со внатрешен просор кој може да се собере 10.000 верници[10]. ХристијанствоХристијанството е втора најголема религија во земјата. Таа вклучува верници од Римокатолици, англиканци, Баптисти, Евангелисти, Адвентисти и други припаници. Јеховини сведоци се активни во земјата и признати од страна на Владата[2]. Верско насилствоВо јули 2013 година започнале етничко-религиозни борби во градот Нзерекоре[11] помеѓу етничката група Кпеле кои се христијани или анимисти, и етничката група Конијанке, кое се муслимани. Во конфликтот загинале најмалку 54 луѓе[12]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia