Религија во Сиера ЛеонеРелигијата во Сиера Леоне има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето на земјата. Најголема религија во државата е Исламот[1][2][3], а Христијанството е значајна малцинска религија. Сиера Леоне е една од најтолерантните држави во поглед на верата во Африка и светот. Муслиманите и Христијаните заедно живеат.[4][5][6] Така на пример, претседателот на државата е Христијанин. Религиското насилство е многу ретко во државата.[7] Државата гарантира верска слобода. Државата е секуларна и нема официјална религија. Статистички показателиСпоред Истражувачкиот центар Пју, околу 71,3% од вкупното население на државата се Муслимани (4,059,000).[8] Според американскиот Стејт Департмент, околу 60% од населението се Муслимани,[9] додека од 20 до 30% од населението се Христијани, и од 5 до 10% се анимисти. Според „Извештајот за меѓународната верска слобода во Сиера Леоне“ од 2007 од УНХЦР[10] околу 60% се Муслимани, 20 до 30% Христијани и 5 до 10% други религии. Се проценува дека голем број на луѓе ги измешале Исламот и Христијанството со локалните религии. Најголемиот број од Христијаните во Сиера Леоне се Протестанти[11][11][12][13] ИсламВо почетокот на XVIII век, етничките групи Фулани и Манде од регионот на Фута Џалон од денешна Гвинеја успеале да конвентират голем дел од народот Темне од северниот дел на Сиера Леоне во исламот. Во периодот на британската колонизација, обидите да се прошири христијанството најчесто биле неефикасни. Исламот продолжил да се шири по независноста во 1961 година. Во 1960 година муслиманското население претставувало 35% и пораснало на 60% до 2000 година, а потоа на 71% во 2008 година. Аџилакот на муслиманските верници од земјата до Мека е отежнат, а како главна причина се наведува растојанието помеѓу двете места и трошоците за патување кои се големи за поголемиот дел од верниците. Дополнително на верниците им било оневозможено да патуваат во Саудиска Арабија поради кризата од ебола во Сиера Леоне. Неодамнешната Граѓанска војна во Сиера Леоне била секуларна со членовите на христијанските, муслиманските и племенските вери кои се бореле на двете страни од конфликтот. Денеска, во Сиера Леоне има 18 етнички групи, од кои најголеми се Темне, кои претежно живеат на север и се муслимани и Менде. Најмалку уште девет етнички групи во Сиера Леоне се претежно муслимански. Најголемиот дел од муслиманите во Сиера Леоне се сунити и припадници на школата Малики, додека помали малцинства се шиитите и припадниците на Ахмадија[14]. Иако се малку на број, Ахмадија има една од најголемите исламски институции низ целата земја, вклучувајќи 186 основни и 55 средни училишта[15]. Поголемиот дел од џамиите во Сиера Леоне се неденоминативни. Најголемата џамија во Сиера Леоне е Централната џамија во Фритаун, главниот град на земјата. Често во оваа џамија биле одржувани седници на верниците, без оглед на нивните религии, особено во петокот за време на џума-намаз[16][17]. Главниот имам на Централната џамија во Фритаун е шеикот Ахмад Тејан Силах, шиитски муслиман, кој исто така е духовен водач на Обединетиот совет на Имамите од Сиера Леоне[18][19]. Оваа организација е составена од имами од Сиера Леоне[20][21][22]. Христијанство![]() Христијаните во земјата зазимаат околу 30% од вкупното население. Најголемиот дел од христијаните од Сиера Леоне се протестанти, од кои најголеми се Методисти[23][24] и Евангелисти[25][26]. Другите протестантски деноминации во земјата се Презвитеријани[27], Баптисти[28], Адвентисти[29] и лутеранци[30]. Римокатолиците се втора по големина непротестантска христијанска заедница во Сиера Леоне со околу 5% од населението во земјата[31]. Во земјата има мало малцинство и на Јеховини сведоци[32], англиканци[33] и Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни[34][35]. ХиндуизамХиндуизмот во Сиера Леоне е религија на некои јужноазиски иселеници. Хиндусите во Сиера Леоне во почетокот пристигнале во земјата како трговци, за да подоцна останат да живеат во земјата. Во престолнината Фритаун има голема хиндуска заедница, вклучително и хиндуистичка асоцијација и свештеник.[36]. На нив им е дозволено кремирање.[37]. По егзодусот на иселениците во 1999 година за време на Граѓанската војна во Сиера Леоне, бројот на индиската заедница се намалила на околу 100 луѓе. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia