Сиера Леоне
Сиера Леоне (англиски: Sierra Leone), или официјално Република Сиера Леоне (англиски: Republic of Sierra Leone) — држава во Западна Африка. Сиера Леоне се граничи со Гвинеја на североисток, Либерија на југоисток, а на југозапад излегува на Атлантскиот Океан. Сиера Леоне е уставна република, каде на непосредни избори се избира ценстралната и локалната власт. Сиера Леоне има тропска клима со разновидни земјишни облици, од савани до прашуми. Државата има вкупна површина од 71.740 км2[4] со проценето население од околу 6 милиони (2011).[5][6] Главен и најголем град во државата е Фритаун. Населението на Сиера Леоне е составено од 16 различни етнички групи. Сепак, најголеми и највлијателни етнички групи во државата се Темнејците и Мендејците.[7] Темнејците живеат воглавно во северот, а Мендејците во југоистокот на државата. Службен јазик во Сиера Леоне е англискиот. Англискиот се користи и во училиштата. Сепак, најзборуван е креолскиот јазик крио. Јазикот е мешавина на англискиот и староседелскиоте африкански јазици. Овој јазик е главен меѓуетнички јазик и го зборуваат околу 90% од населението на државата.[8] Потекло на поимотИмето на државата потекнува од времето на првите доселувања на Европејците во областа. Во 1462 година, Португалецот Педро де Синтра на областа околу главниот град Фритаун ја именувал како Serra de Leão (португалски за „лавовска планина“).[9] Денешното име на државата е италијанска верзија на името. ИсторијаСпоред археолошките ископувања и истражувања, територијата на денешната држава Сиера Леоне била населена уште пред 2.500 години,[10] главно од различни номадски племиња по потекло од Централна Африка.[11] Постојат и податоци според кои на овие територии во околу 9 век п.н.е. на овие простори бил обработуван металот како суровина.[12] Во 1462 година португалскиот морепловец Педро де Синтра престигнал на бреговите на Сиера Леоне. Многу бргу биле основани поголем број на европски трговски бази односно станици. Во 1787 година од страна на британците бил основан Фритаун. Во текот на XVIII век, територијата била широко реколонизирана со афроамерикански калвинисти од Нова Шкотска, кои учествувале на страна на Велика Британија за време на војната за американската независност. Во 1790-тите се одржале избори, на кои право на глас имале и црнците, како и жените.[13] Во 1808 година земјата станала британска колонија. Својата независност земјата ја добила на 27 април 1961 година. Во 1991 година започнал вооружен конфликт помеѓу владата на Револуционерниот обединет фронт кој пак се борил, со поддршка на Либија, за праведна распределба на приходите добиени од продажбата на дијаманти. Географија и клима![]() Сиера Леоне е држава која се наоѓа во Западна Африка. На север и на североисток државата се граничи со Гвинеја, на југ и југоисток со Либерија и на запад излегува на Атлантскиот Океан.[14] Главен град на Сиера Леоне е Фритаун, кој воедно е и најголем град. Втор најголем град е Бо. Сиера Леоне има вкупна површина од 71.740 км2, од кои 120 киломери квадратни се вода.[8] Државата има 4 различни географски региони. Источниот дел на Сиера Леоне е висорамнина, со присуство на високи планини. Највисока точка е Монт Бинтумани со 1948 метри надморска височина. Сливниот басен на реката Моа ги опфаќа јужните предели на овој регион. Средишниот дел на земјата е низини, каде има прашуми, но и обработлива земја.[14] Овој предел опфаќа околу 43% територијата на земјата. Северниот дел од овој предел понекогаш се смета за дел од екорегионот Гвинејски шумско-савански мозаик. Во западните делови на Сиера Леоне се наоѓа брегот на државата и тој е долг околу 400 километри. Брегот овозможува трговија на ресурси и потенцијал за туризам. Главниот град се наоѓа на крајбрежјето. Климата во државата е тропска, каде има два циклусаː дождлива сезона (од мај до ноември) и сува сезона (од декември до мај). За време на сушните периоди има појава на силни ветришта од Сахара и ноќните температури може да достигнат до 16 степени. Просечната температура во земјата е 26 степени целзиусови.[15][16] Политички системАдминистративна поделба![]() Сиера Леоне е составена од 4 покраини: Северна Покраина, Северозападна Покраина, Јужна Покраина, Источна Покраина и една Западна Област. Првите три се поделени на 12 окрузи, а тие се поделени на 149 поглаварства (chiefdoms). Локалната власт е избрана на директни избори.[17][18] Западната Област има 13 окружни совети, а тие пак секој по 12 окрузи и 6 општини: Фритаун, Бо, Бонте, Кенема, Коиду и Макени.[17]
СтопанствоДемографијаСпоред податоци од 2006 година, населението на Сиера Леоне изнесува 6,294,774 луѓе. Во земјата живеат неколку етнички групи, но најголемиот дел од нив се црнци, со околу 90%. Останатите 10% припаѓаат на креолите. Службен јазик во земјата е англискиот. РелигијаНајголема религија во државата е Исламот[21][23][24], а Христијанството е значајна малцинска религија. Според Истражувачкиот центар Пју, околу 71,3% од вкупното население на државата се Муслимани (4,059,000).[25] Според американскиот Стејт Департмент, околу 60% од населението се Муслимани,[26] додека од 20 до 30% од населението се Христијани, и од 5 до 10% се анимисти. Според „Извештајот за меѓународната верска слобода во Сиера Леоне“ од 2007 од УНХЦР[22] околу 60% се Муслимани, 20 до 30% Христијани и 5 до 10% други религии. Се проценува дека голем број на луѓе ги измешале Исламот и Христијанството со локалните религии. Најголемиот број од Христијаните во Сиера Леоне се Протестанти[27][27][28][29] Сиера Леоне е една од најтолерантните држави во поглед на верата во Африка и светот. Муслиманите и Христијаните заедно живеат.[30][31][32] Така на пример, претседателот на државата е Христијанин. Религиското насилство е многу ретко во државата.[33] Државата гарантира верска слобода. Државата е секуларна и нема официјална религија. КултураНаводи
Литература
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia