Ренато Вугринец
Ренато Вугринец (словенечки: Renato Vugrinec; р. 9 јуни 1975 во Цеље) — професионален словенечки и македонски ракометар, кој играл во РК Металург и настапувал за Репрезентацијата на Македонија. ЖивотописВугринец добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија донесена на владина седница на 10 декември 2013.[2] КариераВугринец има настапувано на Летните олимписки игри 2000 и на Летните олимписки игри 2004.[3] По добивањето на македонското државјанство, тој настапил за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар. На 7 февруари 2015 година, на натпреварот против РК „Војводина“ одигран во рамките на регионалната ракометна лига „СЕХА“, Вугринец се збогувал од дресот на РК „Металург“, поради неисплатените плати предизвикани од финансиската криза во клубот. Притоа, на натпреварот, Вугринец бил најдобар стрелец, со постигнати девет голови, а на крајот од мечот бил бурно поздравен од своите помлади колеги во тимот на РК „Металург“.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia