Речно улиште

Речно улиште
АвторДраги Михајловски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачСкопје : Книжевна малдина на Македонија, 1981
Издадена
1981
Медиумпечатено издание, 20 mm

Речно улиште македонска дебитанска книга, збирка раскази од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 1981 година во СР Македонија.[1]

Содржина

Речно улиште е книга со збирка раскази кои се реминисценции од детството на авторот во кои провејува во фиктивниот свет на неговите сеавања. Спомените и детските фантазии се ројат околу реката Курдерес во Битола како пчелите околу водата. Оттука доаѓа и насловот на збирката. Писателската имагинација кривулка по течението на Курдерес (на турски „крива река”) низ мозаикот од разни детски доживувања, сеќавања, расположенија, мечти и фантазии. Во „Сенка”, „Слика” и „Мрежа” се прикажани случките од детството поврзани со родителите, во „Леван” првите љубовни мечти и така натаму. Детството на авторот не е преокупација на Михајловски само во раниот период од неговото творештво, туку и во книгите за деца, како и во неговиот последен роман, Бдеењето на Одисеј.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya