Роберт Петров
Роберт Петров (Свети Николе или во Куманово, 2 јуни 1978) — македонски поранешен професионален фудбалер кој играл на позиција одбрана. Петров бил македонски репрезентативец и остварил 31 натпревар. На клупско ниво, последен пат играл за бугарска Германеја. Клупска кариераРоберт Петров ја започнал својата кариера во клубот ФК Овче Поле. Во 1999 година, тој потпишал договор со ФК Победа, со која го освои Куп на Македонија 2001/02. Во јуни 2002 година потпишал за бугарскиот клуб Локомотив од Пловдив, кој бил бугарски првак во 2004 година. Во 2006 година Петров преминал во ЦСКА од Софија за сума од 150 000 €. Во текот на сезоната 2006/07, тој заработил 28 настапи играјќи во бугарската Прва професионална фудбалска лига, постигнал еден гол и го освоил Суперкупот на Бугарија. Во следната сезона Петров не играл фудбал поради повреда. Откако поминал шест години од својата кариера во Бугарија, Роберт Петров се преселил во Грција во јуни 2008 година, потпишувајќи договор со Пансераикос. По само шест месеци во грчкиот клуб, тој се вратил во Бугарија и на 19 февруари потпишал со Славија од Софија. Клупска статистика (нецелосна)
Меѓународна кариераТој го имал своето сениорско деби за Македонија во февруари 2000 година, на пријателски натпревар против СР Југославија и има стекнато вкупно 31 натпревар, притоа не постигнувајќи голови.[3] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во октомври 2011 година за време на Квалификациите за Европското првенство 2012 против Словачка.[4] Титули
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia