Роберт Хантер (велосипедист)
Роберт Хантер (англиски: Robert Hunter; р. 22 април 1977 во Јоханесбург) — поранешен јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално од 1999 до 2013 година. Хантер возел за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп во неговата последна сезона.[1][2] КариераВо 2001 станал првиот Јужноафриканец, кој учествувал на Тур де Франс.[3] Во 2006 возел за екипата Фонак на UCI ProTour, но по нивното распуштање, тој потпишал за континенталната екипа Барловорлд за 2007. Неговите достигнувања вклучуваат етапи на Вуелта а Еспања во 1999 и 2001 и Тур де Франс 2007, генералниот пласман на Трката околу Катар 2004 и спринтерскиот пласман на Тур де Свис 2004. Петпати му била доделувана наградата „Велосипедист на годината“ во Јужна Африка во периодот 2001 и 2007. Во 2007 се вратил на Тур де Франс како водач на екипата Барловорлд (кој добил посебна покана за трката). Хантер победил на етапата 11 на Тур де Франс 2007, прва етапна победа за возач од Јужна Африка. Во 2008, на Хантер му било дозволено од организаторите на Тур де Франс да лета за Швајцарија на 4 јули, ден пред почетокот, за да биде со неговата жена Клаудија на раѓањето на неговата ќерка, Менди Инга Хантер.[4] По сезоната 2013, Хантер го објавил неговото повлекување од професионалниот велосипедизам.[5][6] Хантер е моментално спортски директор на екипата Гармин-Шарп. Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia