Романо Шмид
Романо Кристијан Шмид (роден на 27 јануари 2000 во Грац) — австриски фудбалер, играч од средниот ред на Вердер Бремен и на австриската репрезентација.[3] Клупска кариераИзраснат во фудбалската школа на Штурм Грац, тој го направи своето деби за првиот тим на 28 мај 2017, во првенствениот натпреварот загубен со 1-0 од Волфсбергер.[4] На почетокот на следната сезона, на 27 јули 2017, тој го направил своето деби во европските натпреварувања заменувајќи го Санди Ловриќ во последните 15 минути од натпреварот загубен на домашен терен со 1-2 од Фенербахче во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Три дена подоцна, го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата со 2-3 на гостувањето против Австрија Виена.[5] со што станал првиот играч роден во 2000-тите што постигнал гол во највисоката австриска фудбалска лига.[6] На 19 август 2017, тој бил купен од Ред Бул Салцбург, со кого потпишал тригодишен договор.[7] Играјќи главно за резервниот тим, Лиферинг, на 3 јануари 2019 бил продаден на Вердер Бремен,[8][9] кој веднаш го позајмил на Волфсберг.[10]; откако одиграл 12 натпревари и постигнал еден гол, на 21 јуни позајмицата бил потврдена за уште една сезона.[11] На 31 јули 2020 година, го завршил своето искуство во Волфсберг и се вратил во Вердер Бремен. Дебитирал за Вердер на 6 декември 2020, во поразот на домашен терен од Штутгарт (1-2) во Бундеслигата. Во првата сезона за Вердер одиграл вкупно 25 натпревари комбинирано во првенството и купот, но истата завршила со испаѓање на клубот од врвната дивизија во Германија за првпат после 41 година. Следната сезона, во Втората Бундеслига добил повеќе простор за игра, а на 3 декември 2021 година го пронашол својот прв гол во дресот на Вердер во победата со 4-0 над Ерцгебирге Ауе. После само една сезона отсуство, Вердер се вратил во Првата Бундеслига, освојувајќи го второто место кое им донело директна промоција за која Шмид придонел со 33 настапи и 3 гола. На 20 мај 2023, Шмид го постигнал својот прв гол во Бундеслигата, во домашниот натпревар против Келн кој завршил без победник 1-1. Репрезентативна кариераОткако ги минал сите австриски млади репрезентации од под 15 до под 21 година, на 22 септември 2022 година, тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во поразот со 2-0 од Франција во Лигата на нации.[12] Во јуни 2024, бил избран од селекторот Ралф Рагник во составот од 26 играчи на Австрија за Европското првенство 2024. На 25 јуни, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 3–2 над Холандија за време на последниот натпревар од групната фаза на турнирот, помагајќи ѝ на својата земја да го обезбеди првото место во групата.[13] Хронологија на репрезентативните настапиСтатистика на кариератаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 26 јуни 2024.
Репрезентативна статистика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia