Фудбалската репрезентација на Турција ја претставува Турција на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Турција(Türkiye Futbol Federasyonu (TFF)).
Досега, Турција трипати се квалификувала на Светско првенство: 1950, 1954 и 2002. Меѓутоа, пред почетокот на првенството 1950 репрезентацијата морала да се повлече поради финанскиски проблеми. Најдобриот резултат на Светските првенства го оствариле во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја освојувајќи го третото место.
На Европските првенства учествувала 3 пати. Најдобриот резултат им е полуфиналето од 2008. Исто така, турската репрезентација има учествувано шест пати на Олимписките игри каде најдобриот резултат го оствариле на игрите во 1948 и 1952 стигајќи до четвртфиналето.
Детал од првиот историски натпревар Турција - Романија 2-2
Својот прв историски натпревар Турција го одиграла на 26 октомври 1923 година против Романија.[8] Првиот официјален натпревар Турција го одиграла на 25 мај 1924 на Олимписките игри против Чехословачка.[9]
Со победата од 7-0 над Сирија, Турција обезбедила учество на Светското првенство 1950, но поради финансиски проблеми го откажала учеството во Бразил. Четири години подоцна Турција повторно се квалификувала за Светско првенство, играјќи бараж против Шпанија. Во првиот натпревар Шпанија победила со резултат 4-1, но во реваншот Турција била подобра со 1-0. Тогашните правила биле такви да ниту една од двете репрезентации не се квалификувала за Светско првенство 1954, па било одлучено со фрлање на паричка. После подобрата среќа во фрлањето на паричката, при извлекувањето на групите Турција немала среќа. Добиле група во која противници им биле Западна Германија, Унгарија и Јужна Кореја. По тогашните правила секоја репрезентација во групата морала да одигра натпревар со две противнички репрезентации. Во таквиот систем Турција воопшто не играла против Унгарија. Својот прв натпревар на Светските првенства Турција го доиграла на 17 јуни 1954 година против Западна Германија. Со пораз од Западна Германија 4-1 и победа против Јужна Кореја со убедливи 7-0 Турција ги завршила својте настапи во групата со два освоени бода колку и Западна Германија поради што овие две репрезентации морале да одиграат бараж за да се одлучи кој ќе помине понатаму. Во баражот Западна Германија ја победила Турција со резултат 7-2. Во 1956 година Турција одиграла Пријателски натпревар против една од тогаш најсилните светски репрезентации, репрезентацијата на Унгарија во Истанбул и победила со 3-1.
Без оглед на уведувањето на државното првенство, и натапите на турските клубови во европските натпреварувања, периодот од 1960 до 1990 година бил разочарувачки за турската репрезентација. Во тој период репрезентацијата ги претрпела својте највисоки порази со 8-0 против Полска и двапати против Англија.
Од почетокот на 90-тите Турција почнала сериозно да вложува во најважната споредн работа на светот, а првите видливи резултати дошле во 1996 со пласманот на Европското првенство во Англија. Таму завршиле со нула бодови и три порази во групата од Хрватска, Португалија и Данска.
Во меѓувреме не успеале да се пласираат на Светското првенство 1998 во Франција, но затоа повторно се квалификувале за првенство на стариот континент играно во Холандија и Белгија во 2000. Таму успеале да ја минат групната фаза завршувајќи како втори во конкуренција на Италија, Шведска и Белгија и да стигнат до четвртфиналето каде биле елиминирани од Португалија.
Во 2008 година стигнале до полуфиналето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Турската репрезентација најпрво ја минала групата во која се наоѓале неколку силни репрезентации како Португалија, Чешка и Швајцарија, а во четвртфиналето ја елиминирала Хрватска по продолженија. Во полуфиналето биле поразени од Германија.
Хакан Шукур е најдобриот и најпопуларниот играч на сите времиња. Има постигнато речиси 200 гола во турската лига. Вешт и брз со својата висина, беше еден од најдобрите играчи во скок-играта на светот. Постигнал 51 гол за репрезентацијата и неприкосновено го држи рекордот за најдобар стрелец на турската репрезентација.
Играчите кој имаат еднаков број на голови се подредени под хронолошки редослед според времето по кое настапувале. Играчите во болд се сè уште активни.[11]
Моментален селектор на Турската репрезентација е Фатих Терим кому ова му е вкупно четврти мандат на селекторската клупа. Во досегашната историја репрезентацијата на Турција ја воделе вкупно 42 селектори и токму Фатих Терим е рекордер по бројот на натпревари на позицијата селектор. Селекторската функција ја обавувал во преку 100 натпревари.