Рот (Костурско)
Рот или Загоричанска Река (грчки: Ρέμα Βασιλειάδος, во превод: Загоричанска река; до 1969 г. Ρὸτ[1]) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Стара Река (Ксиропотамос). Влегува во сливното подрачје на Костурското Езеро.[2] ОписРеката се образува веднаш западно од Загоричани со слевањето на реките Дива Череша и Суха или Селска Река, која проаѓа низ селото.[2][3] Дива Череша извира под врвот Врбица на Вич и тече на југозапад.[2] Во 1969 г. името на реката е сменето од Дива Череша (Ντίβα Τσέρεσι) во Рема Агриокерасија (Ρέμα Αγριοκερασιάς),[1] во превод Црешова Река. Суха Река извира исто така од Вич, западно од врвот Шубрец (1.623 м).[2] По спојот на двете реки, реката тече во југозападен правец во регулиран канал, кој пак се влева во Стара Река северно од Б’мбоки.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia