Стара Река (Костурско)
Стара Река или Сува Река[1] (грчки: Σταρα ρέκα или Ξηροπόταμος, Ксиропотамос) — река во Костурско, Егејска Македонија. Претставуванајважен дотек на Костурското Езеро, во кое се влева над селото Маврово. Во минатото била одговорна за заблатување на подрачјето. СливСливот на Стара Река зафаќа површина од 113,4 км2, чија највисока точка достигнува 1.600 м. Реката е долга 17,7 км. Средниот проток изнесува 854 л/сек и 1.437 л/сек за време на врнежи.[2] Од деветте реки кои се влеваат во Костурското Езеро, Стара Река е најголемата и го опфаќа поголемиот дел од источниот дел на неговиот слив. Приливот на вода од Стара Река е од големо значење за езерото како негов главен извор на вода со среден годишен дотур од 350 л/сек, но и поради изобилството од наносем материјал кој го внесува во него.[3] Реката извира северно под врвот Цуцулец (1.470 м) и тече во јужен правец. Ја прима левата притока Бела Вода или Дапчова Река[1] (Аспронери) која извира под врвот Слива (1.434 м). Потоа ја прима и левата притока Света Недела (Агија Киријаки). Свртува на запад, каде ја прима големата десна притока Олицка Река или Јазо, која се образува над Олишта од неколку потоци што извираат под врвовите Голина (1.861 м), Србинов Камен (1.375 м) и Чука (1.567 м) со јужен правец, како и од потокот Пострап (Мелисорема) со источен правец.[4] Реката повторно се насочува јужно и ја прима левата притока Рот (Рема Василијадас) која се образува под Загоричани од Суха Река, наречена и Селска Река,[5] која минува низ Загоричани и реката Дива Череша (Рема Агриокерасијас).[6] Потоа кај Б’мбоки (Ставропотамос) Стара Река ја прима левата притока Даули (Котури), чии пак притоки се Бобишка Река и Дуца. По Б’мбоки реката постепено прави 90-степено свртување на запад крај врвот Кајнак (1.136 м), ја прима Горенска Река од југ и се влева во Костурското Езеро меѓу селата Личишта од север и Маврово од југ.[3][4] Притоки→ лева, ← десна ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia