Рувензори
Рувензори (Ruwenzori) или Рвензори (Rwenzori, „месечева планина“) — планински венец во источниот дел на екваторска Африка, на границата меѓу Уганда и ДР Конго. Ледниците на венецот се меѓу изворите реката Нил. Венецот достигнува височина од 5.109 м со траен снег на врвовите. На подрачјето се протегаат националните паркови Рувензори и Вирунга. Геологија![]() Планините настанале пред три милиони години во доцниот плиоцен, како издигнат блок од кристални карпи од гнајс, амфиболит, гранит и кварцит.[1] Издигот го поделил праезерото Обверука, образувајќи три од денешните големи езера: Алберт, Едвард[1] и Џорџ.[2] Венецот е долг околу 120, а широк 65 км. Се состои од шест масиви одвоени со длабоки клисури: Стенли (5.109 м), Спик (4.890 м), Бејкер (4.843 м), Емин (4.798 м), Геси (4.715 м) и Лујџи Савојски (4.627 м).[3] Стенли има неколку врва, од кои највисок е Маргарита. Прво освојување![]() Првата обиколка на сите шест масици на Рувензори е направена во 1975 г. од полските искачувачи Јануш Халецки, Станислав Холева Лешек Чарнецки, како Мирослав Кураш во втората половина од зафатот.[4] ПриродознаниеРастителност![]() Рувензори има разновидна растителност, од тропска дождовна шума до планински ливади и снегови. На венецот виреат домородни видови и разновидности како џиновскиот крстенец (Dendrosenecio) и џиновската лобелија (Lobelia deckenii), па дури и 6-метарскиот врес прекриен со мов, присутен на некои врвови. Најголемиот дел од ова растително подрачје денес е прогласено за светско наследство на УНЕСКО и е опфатено во националните паркови Рувензори во југозападна Уганда и Вирунга во источниот дел на ДР Конго.[3] Планините немаат кусок на вода, но сепак виреат видови слични на оние присутни во пустинските краишта, но ова се должи на слабата проодност на водата низ растителните садови поради замрзнувањето во ноќните часови и изолацијата која им е потребна при промената на условите дење. Рувензори има пет растителни појаса со преклопи: зимзелена шума (до 2.800 м); бамбусов појас (2.800 до 3.300 м); вресов појас (3.000 до 3.800 м); аплски појас (3.500 до 4.500 м) и снежен појас (4.400 до 5.000 м). На поголеми височини, некои растенија достигнуваат необична големина. The vegetation in the Рувензори is unique to equatorial alpine Africa.[5] Ледничко повлекувањеЕден од проблемите на Рувензори е последицата на климатски промени врз ледниците. Во 1906 г. по име се забележани 43 ледници распоредени на шест планини, зафаќајќи вкупна површина од 7,5 км2 или половина од ледничката зафатнина на цела Африка. Во 2005 г. тие се свеле на 1,5 км2, и тоа на само три планини. Овие значајни промени предизвикуваат неповилни последици по растителноста и биоразновидноста на венецот.[6][7] ПоврзаноНаводи
Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia