Руско-белгиски односи
Руско-белгиските односи се надворешни билатерални односи меѓу Белгија и Руската Федерација. Русија има амбасада во Брисел и генерален конзулат во Антверпен, додека Белгија има амбасада во Москва и генерален конзулат во Санкт Петербург. Двете земји се полноправни членки на Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Историја![]() Првите контакти меѓу Белгија и Русија започнале во почетокот на XVIII век кога Петар Велики ја посетил Јужна Холандија во 1717 година. Меѓу градовите што биле посетени се Брисел, Ахен и Спа[1]. Дипломатски односи биле воспоставени помеѓу Белгија и Руската Империја во 1853 година[2] кога Михаил Крептович бил назначен како прв претставник на Руската Империја во Брисел на 19 март 1853 година[3]. ТрговијаВо 2004 година, трговската размена меѓу двете земји целосно била € 4.75 милијарди, што претставувало зголемување од 1.18 € милијарди во текот на претходната година. Рускиот извоз во Белгија главно главно вклучува минерали (37%), скапоцени и полускапоцени камења (22%), црни и обоени метали (17%) и хемиски производи (8%). Рускиот увоз од Белгија е составен од индустриска опрема (25%), хемикалии и лекови (18%), пластични производи и гума (9%), храна (8%) и транспорт (8%). Во 2004 година, Белгија увезела 30% од својата нафта и природен гас од Русија[4]. Воздушни транспортни врски меѓу двете земји постојат, со Аерофлот и Брисел ерлајнс меѓу Москва и Брисел[5][6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia