Руско-босанскохерцеговски односи
Руско-босанскохерцеговските односи (руски: Российско-боснийские отношения) се надворешни односи меѓу Босна и Херцеговина и Руската Федерација. Босна е една од земјите каде што Русија испратила свои војници за стабилизација на земјата. Русија ја признала независноста на Босна и Херцеговина на 27 април 1992 година. На 12 јануари 1996 година, Русија испратила војници во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, преку Тузла[1]. Овој потег бил мотивиран од желбата за подобрување на односите со САД. Местоположба на руските трупи станало предмет на меѓународна дебата: Русите сакле да бидат распоредени на територија каде живееле Босански Срби, а САД сакале да бидат распределени на територија каде живееле Босански Хрвати. Русија е член на советот кој гарантира мир и стабилност во Босна и Херцеговина. Во јуни 2003 година, во Босна и Херцеговина пристигнал руски воен контингент за стабилизирање на ситуацијата во земјата. Руските официјални лица исто така се вклучени во Канцеларијата на високиот претставник и во Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина. Руски амбасадор во Босна и Херцеговина е Александар Карченко[2], додека амбасадор на Босна и Херцеговина во Русија е Иван Барбалиќ[3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia