Руско-ирски односи![]() Руско-ирските односи се надворешни односи меѓу Република Ирска и Руската Федерација. Ирска има амбасада во Москва, а Русија има амбасада во Даблин. ИсторијаВо јуни 1920 година, како дел од напорите на Шин Фејн Република Ирска да добие меѓународно признавање бил направен Нацрт договор помеѓу новите две земји. Според Едвард Кар преговорите не биле сериозно разгледувани од двете страни[1]. Соработката меѓу двете земји била повеќе активна по крајот на Студената војна. Многу билатерални договори постојат меѓу двете земји во различни области (оданочување, заштита на инвестициите, култура и научна, авијација, итн.) Двете земји се полноправни членки на Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа. На 1 февруари 2011 година, за првпат од 1983 година[2], ирската влада донела одлука за протерување на рускиот дипломат со седиште во Даблин, откако бил информиран од страна на службата за безбедност дека идентитетот на шест ирски државјани биле украдени и искористени како покритие за руски шпиони како резултат да нивните дејства во САД во јуни 2010 година.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia