СУГС „Браќа Миладиновци“ - Скопје
СУГС „Браќа Миладиновци“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци“) — средно училиште во Драчево, Општина Кисела Вода[1]. Основање и развојУчилиштето е основано како Гимназија „Браќа Миладиновци” од Собранието на Општина Драчево на XIV-та заедничка седница на Општинскиот собор и Соборот на Работните заедници одржан на 01.06.1964 година. Дејноста на Гимназијата е верифицирана со акт бр. 11-139/1 од Секретарјатот за образование и наука- Скопје. Наставата во училиштето започна на 01.10.1964 година со 85 ученици распоредени во 3 паралелки. Потребите од средно образование во населбата Драчево доведе до постојано зголемување на бројот на ученици , а со тоа се зголеми и бројот на професорите и техничкиот персонал. Од учебната 1982/83 година во средното образование на СРМ се воведоа нови наставни планови и програми , односно започна реализацијата на концептот за средно насочено образование. Денес училиштето е верифицирано како Државно училиште за средно образование „Браќа Миладиновци” во кое се изучувани следните образовни профили: Гимназиско образованиеЗемјоделско-ветеринарна струкатехничар за фармерско производство - техничар за хортикултура - лозарско – винарски техничар - ветеринарен техничар СУГС „Браќа Миладиновци“ брои вкупно 975 ученици распоредени во 35 паралелки. Од нив 14 паралелки припаѓаат на гимназиското образование,а 10 паралелки припааѓаат на ветеринарните техничари. Техничарите за фармерско производство се распоредени во седум паралелки. Три паралелки припаѓаат на техничарите за холтикултура, а од учебната 2005/06 за првпат во една паралелка ќе се запишат и лозаро-винарски техничари. Учество на натпревариОсвоени наградиПознати личности кои учеле во ова училиштеНаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia