Сагармата
Националниот парк Сагармата ― национален парк на Хималаите во источниот дел на Непал, кој е доминиран од Монт Еверест. Тој вклучува површина од 1,148 км2 во округот Солукумбу и опфаќа висини од 2,845 до 8,848 м кај врвот на Монт Еверест. На север, тој ја дели меѓународната граница со Националниот природен резерват Комолагма во Тибет. На исток, граничи со националниот парк Макалу Барун, и на југ се протега до реката Дудх Коси.[1] Тој е дел од Светиот хималајски предел.[2] Сагармата (सगरमाथा)е непалски кованица кој потекнува од зборвите сагар (सगर् значејќи небо) и мата (माथा значејќи глава).[3][4] којшто се наоѓа јужната половина од . Паркот е објавен на 19 јули 1976 г. и станува дел од Светското природно наследство на УНЕСКО во 1979 г. На санскрит „Сагармата“ означува „високо во небото“. ИсторијаНационалниот парк Сагармата бил основан во 1976 година. Во 1979 година, тој станал првиот национален парк во земјата кој бил впишан како природно место на светско наследство. Во јануари 2002 година, тампон зона состоејќи се од 275 км2 била додадена.[1] Според Упатствата за управување со тампон зоната, зачувувањето на шумите, дивиот свет и културните ресурси добила врвен приоритет, проследено со зачувување на другите природни ресурси и развој на алтернативна енергија.[5] Туризмот во областа започнал во раните 1960-ти. Во 2003 година пристигнале околу 19.000 туристи. Од 2005 година, околу 3.500 Шерпи живееле во селата и сезонските населби сместени покрај главните туристички патеки.[6] ГеографијаПаркот опфаќа зона од 1,148 км2 во округот Солукумбу и надморската висина варира од 2 845 м при Джорсале до 8 848 м на врвовите на Еверест. 69 % од паркот е гола земја со надморска висина над 5 000 м, ледниците покриваат 28 %, а останатите 3 % се гори. Поголемиот дел од паркот е назабен и стрмен, како релјефот да е расечен од реките и ледниците. За разлика од другите национални паркови, тој се дели на четири климатски зони според надморската висина. Тие зони се пониска шумска зона, зона со планинска клима, високопланинска зона со многу малку растителност и арктичка зона, во која растенијата не можат да се развиваат. Животинскиот и растителниот свет во паркот се изменува во зависност од висината. Низ паркот течат реки од басенот на реката Дудх Коси. Туристичкиот центар на паркот се наоѓа на ридот во населеното мест Намче Базар, каде што е заснована и дел од Непалската војска со задача да го заштитува. Јужниот влез се наоѓа на неколку стотини метри северно од Монџо на висина 2,835 м, на еден ден пеша од Лукла. ПределиПаркот ги содржи горните сливни подрачја на реката Дудх Коси, речниот слив Ботекоши и езерата Гокио. Во голема мера е составен од нерамен терен и клисури на високите Хималаи, кои се движат од 2,845 метри во Монџо до врвот на највисокиот врв во светот Сагармата (Монт Еверест) на 8,848 метри надморска височина. Други врвови над 6,000 метри се Лоце, Чо Оју, Тамсерку, Нупце, Амадаблам и Пумори. Пусто земјиште над 5,000 метри опфаќа 69% од паркот, додека 28% се пасишта, а останатите 3% се пошумени. Климатските зони вклучуваат пошумена умерена зона, субалпска зона над 3,000 метри, и алпска зона над 4,000 метри што ја сочинува горната граница на растот на вегетацијата. Снежната зона започнува на 5,000 метри.[1] Див светФлораШумите во субалпскиот појас се состојат од ела, хималајска бреза и рододендрон. Смреката и рододендронот преовладуваат на надморска височина од 4,000–5,000 метри. Мововите и лишаите растат над 5,000 метри.[7] Во националниот парк се забележани повеќе од 1.000 цветни видови.[1] ФаунаНационалниот парк Сагармата е домаќин на 208 видови птици, вклучително и хималајски монал (фазан), брадест мршојадец, снежинки и жолтоклуна галица,[1] и паркот е идентификуван од BirdLife International како важна птичја област.[8] Копитарите се хималајски тар, хималајски серов и мошуст елен. Снежниот леопард живее на височини над 3,500 метри, а индискиот леопард талка по шумите на пониски височини.[9] Во паркот има 118 видови птици, на пример хималајски фазан, шарен фазан, црвеноклунест фазан; и многу цицачи, некои од нив ретки, меѓу кои тибетска мечка, црвена панда, тар, лангур, самур и волк. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia