Салцбург (правилно: Залцбург, германски: Salzburg) — една од деветте сојузни покраини во Австрија која се наоѓа во средишниот дел на државата. Зафаќа површина од 7.154 квадратни километри и тука живеат над 530.000 жители. Главен град е истоимениот Салцбург.
Положба
Салцбург се наоѓа во Средна Австрија и се граничи со:
Географија
Со површина од 7.154 км2, Салцбург е шеста по големина покраина во Австрија. Според релјефот, ова е планинско место во срцето на Алпите. Само крајниот северен дел е претежно низински со надморска височина под 500 метри. Поради високата надморска висина, климата е претежно континентална, само во највисокиот дел има планинска клима. Во средниот дел на покраината течи реката Залцах, додека пак во источниот дел извираат реките Мура и Енс. Покрај овие водотеци има и многу леднички езера.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски