Самоанци
Самоанците се полинезиски народ кој живее воглавно на Самоанските Острови. Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик, но добар дел од народот е двојазичен бидејќи англискиот е доста застапен на островите. Поради политичко-историски околности, татковината на Самоанците е поделена меѓу независната држава Самоа и американската територија Американска Самоа. Во Самоа има околу 188.000 Самоанци според податоците од 2006.[6] Голем дел од Самоанците живеат надвор од Самоа, воглавно во Нов Зеланд (115.000 во 2001)[7] и Австралија (39,992 во 2006)[8] ЈазикМајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 370.00о самоански говорници, од кои 69% од нив живеат на Самоанските Острови. Во дијаспората, самоанскиот јазик се зборува во Нов Зеланд каде според пописот од 2006 година биле забележани 95,428 луѓе што зборуваат самоански, а имало 141,103 Самоанци. Така, од сите Самоанци во Нов Зеланд, 70.5 % можат да зборуваат самоански, што го прави јазикот четврт најзборуван во државата веднаш зад англиски, маорски и кинески. 66.4 % од Самоанците живеат во Окленд. Според пописот на Австралија од 2006 година, во државата имало 38,525 говорници на самоански, но имало 39,992 Самоанци. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia