Самоанските Острови формираат архипелаг во Тихиот Океан. Архипелагот зазема површина од 3.030 км2 и истиот е дел од географскиот регион Полинезија во Океанија. Самоанските Острови имаат вкупно население од околу 250.000 жители. Национален и најголем јазик на островите е самоанскиот јазик. На островите преовладува самоанската култура и самоанскиот начин на општествен живот.[1]
Денес островите се поделени на две политички единици. Западниот дел на островите се под јурисдикција на независната држава Самоа, а источниот дел од островите е под јурисдикција на американската сојузна територија Американска Самоа. Самоанците се најбројни на островите и тие претставуваат најброен полинезиски народ во светот.[2] Во 1768 година, источниот дел на архипелагот бил посетен од францускиот истражувач Луи Антоан де Бугенбил и тој ги именувал како Навигаторски Острови. Ова име било користено од мисионерите сè до 1845 година, а во официјалната европска преписка сè до 1870 година.[3]
Географија и клима
Самоанските Острови се наоѓаат во Тихиот Океан. Тие се дел од Полинезија во Океанија. Островите се на 800 километри оддалеченост од Фиџи, 530 километри од Тонга, 2.900 километри од Нов Зеланд и 4.000 километри од Хаваи.[4] Поголем дел од островите се со вулканско потекло прекриени со тропска шума. Помал број од островите се корални. Највисока точка на островите е планината Силисили на островот Саваи со надморска височина од 1858 метри.[5] На Американска Самоа највисок врв е Лата со 966 метри надморска височина.
Островите имаат тропска клима. Дождлива сезона е од ноември до април и често островите се погодени од тајфуни од декември во март.[6]
Самоа, независна држава која ги зазема западните острови од архипелагот. Државата има 2.831 километар квадратен и население од околу 185.000 жители. Од независноста во 1962 па сè до 1997 година државата била позната како Западна Самоа, а потоа го променила името во Самоа. Главен град на државата е Апија, а официјална валута е самоанска тала. Службени јазици во државата се самоански и англиски.
Американска Самоа, територија на САД. Територијата ги зазема источните острови од архипелагот и има вкупна површина од 199 км2 и население од 65.000 жители. Главен град на територијата е Паго Паго, а официјална валута е американскиот долар. Службени јазици во територијата се самоанскиот и англискиот.
Острови
Карта на Самоа.Карта на Американска Самоа.
Самоа
Уполу, население од 134,400 (2001) - најнаселен остров.
Саваи, население од 43,142 (2006), најголем остров по површина.
Островот Маноно (центар), Аполима (лево) и врвот на Уполу (десно).
Островот Ауну.
Плажа на Офу-Олосега.
Сателитска снимка на Офу-Олосега.
Водопад на Уполу.
Наводи
↑Fana'afi Le Tagaloa, Aiono (1986). „Western Samoa: the sacred covenant“. Land Rights of Pacific Women. Institute of Pacific Studies of the University of the South Pacific. стр. 103. ISBN982-02-0012-1. Посетено на 17 April 2010.