Санди Казар
Санди Казар (француски: Sandy Casar, р. 2 февруари 1979 во Мант ла Жоли) — поранешен француски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 2000 и 2013 година, цело време со екипата Франсес де же.[1] Негови најголеми достигнувања биле трите етапи на Тур де Франс, како и освојувањето на трките Рут ду Суд во 2005 и Париз-Камемберт во 2011 година. КариераКасар станал професионалец во 2000 година откако возел за Жан Флош-Мант како аматер. Талентот на Касар бил откриен на Париз-Ница 2002, кога завршил на второто место на 23 години. Завршил како 13. на Џиро д’Италија 2003, пред искачувачот Марко Пантани. Првата победа му била на етапа на Тур де Свис 2003. Потоа, завршил на 16. место на Тур де Франс 2004 и на 6. место на Џиро д’Италија 2006, 25 минути зад победникот Иван Басо. Касар исто така победил на Рут ду Суд во 2005 година. На 27 јули 2007 ја освоил првата етапа на Тур де Франс, победувајќи ги Лорен Лефевр, Аксел Меркс и Михаел Богерд во спринтот по падот поради куче претходно на етапата. Завршил на 14. место на Тур де Франс 2008. Во 2009, Касар завршил втор на 16. етапа на Тур де Франс 2009. Етапата 16 била првично освоена од Микел Астарлоса, меѓутоа, Астарлоса бил позитивен по трката на ЕПО.[2] Организаторите му ја одзеле етапната победа и му ја доделиле на Касар.[3] Подоцна, Касар завршил на 11. место во генералниот пласман. Во 2010, Касар ја освоил деветтата етапа на Тур де Франс 2010, откако бил дел од долгото бегство, кое преминало преку бројни категоризирани искачувања, вклучувајќи го Кол де ла Мадлен. Бегството останало на само четири члена на спустот по искачувањето и било достигнато во последниот километар од Енди Шлек и Алберто Контадор, кои се одвоиле од главната група на Мадлен. Касар го освоил нагорниот спринт за престижна победа на една од најтешките етапи на тој Тур.[4] Во 2011 го освоил класикот Париз-Камемберт, повторно како член на долго бегствот. Се обидел да избега на искачувањето близу крајот, но бил достигнат од четворица возачи. Сепак успеал да ги претекне во спринтот, освојувајќи ја победата на патиштата на неговата младост.[5] На 6 септември 2013, Касар објавил дека се повлекува од велосипедизмот.[6][7] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia