Сандра Перковиќ
Сандра Перковиќ (родена на 21 јуни 1990 г. во Загреб) — хрватска атлетичарка која е специјализирана во дисциплината фрлање диск, актуелна европска и олимписка шампионка.[3] Успешната јуниорска кариера на Перковиќ кулминирала со освојувањето на златниот медал на Европското јуниорско првенство во 2009 година каде поставила нов државен рекорд во фрлање диск. Еден месец подоцна, таа се пласирала во финалето на Светското првенство во Берлин како најмлада во натпреварувањето. Во својата прва сезона на сениорско ниво, таа го освоила златниот медал на Европското првенство 2010 во Барселона, со што станала најмлада европска шампионка во историјата во дисциплината фрлање диск. Таа ги пропуштила најголемиот дел од натпреварувањата во 2011 година поради позитивен допинг тест на забранетата супстанца метилхексанамин за кој добила шестмесечна суспензија. Перковиќ се вратила на натпреварувањата во 2012 година, успевајќи да го одбрани европското злато на првенството во Хелсинки. Истата година, таа го освоила златниот медал на Летните олимписки игри 2012 во Лондон остварувајќи државен рекорд од 69.11 метри. На европското и олимпиското злато, Перковиќ во 2013 година го додала и златниот медал од Светското првенство 2013 во Москва, каде успеала да префрли 67.99 метри. Следната година, таа третпат последователно станала европска шампионка, освојувајќи го златниот медал на првенството во Цирих со нов личен и државен рекорд од 71.08 метри.[7] Таа станала член на хрватското собрание по хрватските парламентарни избори во 2015 година.[8] Лични рекорди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia