Сашо Мијалков
Сашо Мијалков (Скопје, 15 септември 1965) — македонски политичар и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија. Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година. Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.[1] Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување. Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.[2] На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор предметот „Титаник 2“ на СЈО. Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia