Министерство за одбрана на Македонија
Министерството за одбрана на Македонија — едно од прво втемелените министерства по осамостојувањето во 1991 година и ја презема контролата врз Армијата на Република Македонија во соработка со претседателот на државата. Актуелен министер за одбрана е Владо Мисајловски. СтруктураУправното уредување и процедурите во областа на одбраната во Република Македонија се дефинирани со уставотот, законот за одбрана и со задачите на законодавната и извршната власт. Командувањето во вооружените сили е засновано врз единството во командувањето при употребата на силите и средствата, едностарешинството и обврската за извршување на одлуките и наредбите на претпоставениот. Меѓукоординација на државните органиПретседателот на Република Македонија е Врховен командант на вооружените сили. Претседателот ги донесува одбранбениот план и стратегија, одлуките за спроведување на готовноста, ја одобрува организациско-формациската структура на армијата, донесува документи за развој, одлуки за нејзина мобилизација и друго. Претседателот исто така претседава и со Советот за безбедност на Република Македонија. Советот за безбедност ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Република Македонија и дава предлози на Собранието и на Владата. Собранието на Република Македонија ги надгледува компетенциите на Владата сврзани со одбраната, донесува одлуки за постоење на непосредна закана од војна, прогласува настанување на воена состојба и мир и го донесува воениот буџет. Слични одговорности има и собраниската комисија за одбрана и безбедност. Владата на Република Македонија ги има надлежностите во врска со донесувањето на предлогот на одбранбениот план, предлогот на буџетот за одбрана и друго. Министерството за одбрана ја подготвува одбранбената стратегија, ја изработува проценката на можните ризици и закани, одговорно е за одбранбениот систем, обуката и готовноста на вооружените сили, опременоста и развојот, го предлага буџетот за одбрана и друго. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia