Севернофризиски јазик
Севернофризиски јазик — малцински јазик во Германија, со околу 10.000 говорници во областа Северна Фризија.[1] Јазикот е дел од групата на фризиски јазици во состав на западногерманското јазично семејство. КласификацијаНајсродни на севернофризискиот се другите два фризиски јазика - затерландскиот фризиски (источнофризиски) од северозападна Долна Саксонија во Германија и западнофризискиот јазик што се говори на северот на Холандија. Заедно, овие јазици ја сочинуваат групата на фризиски јазици. Во блиско сродство со фризиските јазици е и англискиот, и припаѓаат на пошироката група на англофризиски јазици. Оваа група пак, заедно со долногерманскиот, ја сочинува поголемата целина од северноморските германски јазици, со тоа што долногерманскиот бележи самостоен развој веќе подолго време, па затоа покажува поголеми разлики од останатите.[2] ДијалектиПрегледСевернофризискиот има 10 дијалекти што се делат на две наречја: континентално и островско.;[3] Исклучок од ова е дијалектот што се говори на островот Халиген, кој сепак припаѓа на континенталната група. Дијалектите се следниве:
СпоредбаНа табелава се прикажани сличностите и разликите помеѓу разни севернофризиски дијалекти.[4]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia