Севр Нантез
Севр Нантез (француски: Sèvre Nantaise, француски изговор: [sɛvʁ nɑ̃tɛz]) — река во Лоарскиот Крај во западна Франција. Таа е лева притока на Лоара. Нејзината вкупна должина изнесува 141,8 км.[1] Извира во департманот Де Севр, во близина на Секондињи. Тече од југ кон север низ департманите и градовите наведени подолу, и се влева во реката Лоара во градот Нант. Според градот го добила името Севр Нантез, со што се прави разлика со појужната Севр Ниортез. Департмани и општини по нејзиниот текСписокот е подреден од изворот до устието:
Целосниот список е на француската страница за оваа река. ПловностРеката е пловна во должина од 21,5 км, од селото Мониер до сливот. Има брана (Шосе де Моан) и преводницата кај Верту, отворена за бродови еден час пред и по плимата во Пон-Русо, во предградието на Нант.[се бара извор] Реката е важен ресурс за туризмот во областа. Вон пловидбениот дел, реката е популарна дестинација за кануистите.[се бара извор] Нејзината лева притока Мен е исто така пловна во должина од 6 км, до Шато-Требо. Порано тука имало преводница (денес напуштена) со што се овозможувала пловидба подалеку спротиводно. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia