Атлантска Лоара
Атлантска Лоара (француски: Loire-Atlantique; бретонски: Liger-Atlantel ; пред 1957 година: Loire-Inférieure, бретонски: Liger-Izelañ) — департман во Лоарскиот Крај на западниот брег на Франција, именуван по реката Лоара и Атлантскиот Океан. Во 2019 година департманот имал 1.429.272 жители.[2] Историја![]() Атлантска Лоара е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Првично, бил именуван Долна Лоара, а името му било променето на 9 март 1957 година во Атлантска Лоара. Областа е дел од историското Војводство Бретања и во негов состав влегува градот што многу луѓе сè уште го сметаат за главен град на Бретања, Нант. Меѓутоа, за време на Втората светска војна, Вишиевата влада воспоставила систем на регионални префектури при што на 19 април 1941 година Атлантска Лоара била исклучена од регионот Бретања и присоединета кон соседните француски департмани, со главен град Анже. По војната, овие административни промени биле вратени со промените на границите од 1955 година наменети за оптимизирање на управувањето со регионите. Оттогаш имало низа кампањи кои го одразуваат силното локално расположение за реинтеграција на департманот со Бретања. ГеографијаАтлантска Лоара е дел од сегашниот регион Лоарски Крај и граничи со департманите Морбијан, Ил и Вилен, Мен и Лоара и Вандеја, а на запад гранички со Атлантикот. Главни градовиНајнаселена општина е Нант, која е и префектура на департманот. Во 2019 година, имало 9 општини со повеќе од 20.000 жители:[2]
НаселениеДвижење на населението од 1801 година:
КултураДомородниот јазик на Горна Бретања е гало, романски јазик поврзан со францускиот. Бројот на говорители на гало-јазикот е во постојан пад од почетокот на 20 век. Јазикот не е ниту официјален ниту се учи во основно или средно образование. На југот на департманот (Пеи де Рец), локален јазик бил поатуанскиот дијалект. Бретонскиот јазик, келтски јазик, мајчин јазик во Долна Бретања, историски се зборувал во западната област на Атлантска Лоара, а до 1920 година во Бац-сир-Мер. Оваа област (Геранд, Ле Кроазик и Ла Бол) има прилично бретонска топонимија: на пример, Геранд потекнува од бретонскиот Гвен Ран (Gwenn Rann) (бело или чисто место). Фолклорот и музичките традиции на источна или Горна Бретања се генерално слични на оние на западна или Долна Бретања. ПолитикаПретседател на Советот на департманот е Мишел Менар, избран во јули 2021 година. Тековни пратеници на Народното собрание
Тековни сенатори
Превоз![]() Департманот има добро организиран превоз со меѓуградски автобуси, кои ги поврзуваат неговите села, градови и градови. Урбаните области на Нант и Сен-Назeр имаат свои сопствени градски превозни мрежи. Регионалните возови и автобуси на Лоарскиот Крај ги поврзуваат градовите на Лоарскиот Крај и соседните региони, вклучувајќи ги и оние на департманот. Нант е поврзан на мрежата TGV, возови со голема брзина кои сообраќаат до Париз за нешто повеќе од 2 часа. Аеродром Нант Атлантик, кој се наоѓа на 8 км југозападно од градот Нант, го опслужува департманот и околните области. Тој е најголемиот аеродром во северозападна Франција, остварува врски со неколку француски, северноафрикански и европски градови, како и со Монтреал во Канада. Туризам
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia