Сиера Невада (Шпанија)
Сиера Невада (шпански: Sierra Nevada = „снежен венец“) — планински венец во покраините Гранада и Алмерија во областа Андалусија, Шпанија. Највисок врв е Муласен (3.478 м), кој е воедно највисок врв во континентална Шпанија. Венецот е популарно туристичко одредиште, особено поради скијачкиот центар во истото јужно средоземно подрачје познато по топло и сончево време. На подножјето се наоѓа градот Гранада, а малку понатаму се и градовите Алмерија и Малага. На дел од венецот се наоѓа националниот парк Сиера Невада, а целиот венец е прогласен за биосферен резерват. На северните падини на планините се наоѓаат опсерваторијата „Сиера Невада“ и радиотелескопот на Институтот за милиметарска радиоастрономија (IRAM), на надморска височина од 2.800 м. ОбразувањеСиера Невада е создадена во текот на планинотворниот настан наречен алпска орогенеза во кој се создадени и европските Алпи на исток и венецот Атлас во северна Африка на југ. Денешниот облик планините го добиле во палеогенот и неогенот (пред 66 до 1,8 милиони години) при судирот на Африканската со Евроазиската континентална плоча. ГеографијаВо средиштето на венецот се наоѓа срт кој се протега во насока запад-југозапад - исток-североисток. Сливното подрачје е постојано на висина над 3.000 м во поголемиот дел од својот опфат. На јужната страна на венецот има неколку тесни и долги речми долини кон југозапад, одделени со повеќе помали сртови. Северната страна е пострмна и покарпеста, па долините имаат понеправилна насоченост. Тука преовладува реката Хенил, која извира кај Муласен и потоа прима голем број притоки. Клима![]() Според Кепеновата класификација на климата, Сиера Невада има средоземна субполарна клима (Dsc), поради големата надморска височина.
Галерија
ПоврзаноНаводи
Библиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia