Алпска орогенеза![]() Алпска орогенеза — орогенетска фаза во доцниот мезозоик[1] и тековниот кенозоик која ги образувала планинските венци на Алпско-хималајскиот појас. Причинител на алпската орогенезаЗа оваа орогенеза е одговорен судирот на континентите Африка, Арабија и Индија, како и малата Кимериска Плоча (од југ) со Евроазија на север. Приближувачките движења помеѓу тектонските плочи (Африканската, Арапската и Индиската од југ, Евроазиската и Анадолската од север, како и мноштво мали плочи и микроплочи) веќе започнала во ранате креда, но главните фази на горообразба се одвивале од палеоценот до еоценот. Процесот трае и денес во некои венци. Алпската орогенеза се смета за една од трите главни орогенетски фази на Европа кои ја одликуваат геологијата на континентот. Другите две се каледонската орогенеза која го создала Стариот Црвенопесочнички Континент кога се судриле континентите Балтика и Лаврентија во раниот палеозоик и херцинската (или вариска) орогенеза која ја образувала Пангеја кога Гондвана и Стариот Црвенопесочнички Континент се судриле во средниот до доцен палеозоик. Планински венциОваа орогенеза ги опфаќа (од запад кон исток) венците Атлас, Риф, Бетските Планини, Кантабриските Планини, Пиринеите, Алпите, Апенините, Динаридите, Проклетие (Албаниди), Пинд (Хелениди), Карпатите, Балканидите (Стара Планина и Рилско-родопскиот Масив), Понтските Планини, Таур, Антитаур, Ерменската Висорамнина, Кавкаските Планини, Алборз, Загрос, Хаџар, Хиндукуш, Памир, Каракорум и Хималаите.[2] Создавањето на одделните венци понекогаш има свои имиња: на пр. карпатска орогенеза за Карпатите, хеленска орогенеза за Пинд, алтајска орогенеза за Алтајските Планини или хималајска орогенеза за Хималаите. Алпската орогенеза и подалечните планиниАлпската орогенеза довела и до настанокот на подалечни и помали геолошки образби како антиклиналата Вилд-Артоа во јужна Англија и северна Франција, чии остатоци можат да се видат во кредните гребени Норт и Саут Даунс на југот на Англија. Нејзиното дејство е делумно забележливо на Островот Вајт, каде Кредната Група и натпостевените еоценски слоеви се набрани речиси до вертикала, како што може да се види во заливите Алум и Вајтклид, иа на дорсетскиот брег кај заливчето Лалворт.[3] Напонот предизвикан од алпската орогенеза го причинил кенозојското издигање на венецот Судети[4] а можеби и раседнувањето на карпи дури до Еланд во јужна Шведска во палеоценот.[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia