Гранада (покраина)
Гранада (шпански: Granada) — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Албасете, Мурсија, Алмерија, Хаен, Кордоба, Малага и Средоземното Море. Главен град е Гранада. Покраината зафаќа површина од 12.531 км2. Населението брои 921.338 жители (2021), од кои 30 % живеат во главнио град. Се состои од 170 општини.[1] ГеографијаВо Гранада се наоѓа највисоката планина на Пиринејскиот Полуостров — Муласен, висока 3.479 м.[2] Други планини со слична висина се Велета (3.396 м)[3] и Алкасаба (3.371 м). Реката Хенил, која извира во Гранада, е една од главните притоки на Гвадалкивир. Други поважни реки се Фардес, Моначил, Гвадалфео, Дилар, Исбор, Верде и Даро. Во покраината се наоѓа националниот парк „Сиера Невада“ (на истоимениот планински венец) кој таа го дели со Алмерија. Друг поголем венец е Сиера де Баса. На северот на покраината се простира Гранадската Висорамнина (Altiplano Granadino) на која се сместени градот Баса и паланката Уескар. ЗнаменитостиНајзначајна знаменитост на Гранада е дворецот Алхамбра, прогласена за светско наследство. Таа е извонреден пример на архитектурата од маварското владеење на ова подрачје кое траело од 711 до 1492 г. Забележителни катедрали има во Гранада и Гвадикс. Кралската капела во Гранада е гробница на кастиљската кралица Изабела I (1451–1504) и арагонскиот крал Фердинанд II (1452–1516); тука се погребани и нивната ќерка Јована I Кастиљска (1479-1555) и нејзиниот сопруг Филип Убавиот (69-70). СтопанствоНајважни стопански гранки во покраината се туризмот, земјоделството и рибарството. Порано градежништвото било многу крупна гранка, но тоа значително опаднало со финансиската криза од 2008–2014 г. Застапен е и биотехнолошкиот сектор. ТуризамКрајбрежјето на покраината е познато како Тропски Брег (Costa Tropical) и привлекува голем број домашни и странски туристи. Главни летувалишта се Алмуњекар, Салобрења и Ла Ерадура. Градот Гранада е особено привлечен за посетителите поради неговата маварска архитектура и славниот дворец Алхамбра. На планините Сиера Невада е развиен зимскиот туризам, каде се наоѓа најјужниот скијачки центар во Европа. Популарност уживаат планинарството и екотуризмот на места како Алпухарите и Лекринската Долина. Значаен работодавач во покраината Гранада е млечната индустрија, особено производството на млеко, млечни напитоци и формули за доенчиња.[4] ОбразованиеГранадскиот универзитет е еден од најголемите во Шпанија со околу 56.000 студенти.[5] Секоја година во градот доаѓаат 10.000 странски студенти. Универзитетот игра улога како работодавач, но и ја поттикнува месната економија поради побарувачката на станови под наем, промет во продавниците, рестораните и ноќните клубови. Развој на населениетоОва е населението на покраината низ годините: ![]() ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia