Сили (архипелаг)
Според пописот од 2011 година, бројот на жителите е 2203.[3] Островите Сили се дел од церемонијалната грофовија на Корнвол, а дел од услугите се поделени со Корнвол. Сепак, од 1890 година, островите имаат одвоена локална управа. Придавката „силијански“ понекогаш се употребува за луѓе и предмети поврзани со островите. Војводството Корнвол поседува најголем дел од земјата на островите. Туризмот е главен дел од стопанството, а покрај тоа има и земјоделство каде е најразвиено производството на режано цвеќе. ![]() ![]() ИсторијаРана историјаОвие острови можеби одговараат на островите Кастериди („Калајни Острови“) кои Феникијците ги посетиле, а биле споменати и од Старите Грци. Иако им го дале името „Калајни Острови“, на архипелагот нема калај. Веројатно до поново време островите биле поголеми и веројатно правеле еден остров наречен Енор. Подигањето на морското ниво и поплавувањето на централните рамнини околу 400-500 година, ги формирало сегашните 145 острови и помали островчиња.[4] Зборот „Енор“ е скратеница од старокорнскиот збор[5] Ен Ноер (Моер мутирало во Ноер) што значи „земја“[5] или „голем остров“.[6] Докази дека порано постоел еден поголем остров се:
Островите Сили се препознаени како место на прогонство на двајца еретички епископи од 4 век, Инстантиус и Тиберианус, кои и двајцата биле следбеници на присцилијанството.[11] Викиншки и нормански период![]() Во 995 година, Олаф Тригвасон станал крал на Норвешка, Олаф I Норвешки. Роден околу 960 година, Олаф ограбувал разни европски градови и водел неколку војни. Во 986 година, тој веројатно сретнал христијански свештеник на Сили Островите. Свештеникот веројатно бил следбеник на присцилијаните, кои биле мала христијанска заедница прогонета од Шпанија за време на владеењето на императорот Магнус Клемент Максимус поради ерес. По освојувањето од страна на Норманите, Сили Островите дошле под централизирана власт. По околу 20 години, била спроведена поделба на земјата меѓу кралот и нормандиските феудалци, што било запишано во Книгата на страшниот суд (англ. Doomsday Book). Според книгата островите станале дел од „Ексетер кругот“ во кој биле вклучени и Корнвол, Девон, Дорсет, Самерсет и Вилтшир. Во средината на 12 век, наводно се случил викиншки напад на Островите Сили, кои Викинзите ги нарекувале Силингар, настан кој бил запишан во викиншкиот еп „Orkneyinga saga“. Во записот викингот Свејн Аслејвсон, пловејќи јужно од Ирска на островите Силингар ограбил монаси.[12] Се смета дека Корнвол заедно со островите дошле под власт на англиската круна за време на владеењето на англосаксонскиот крал Етелстан Сјајниот (924 – 939 г.). Кралот Хенри I (1100 – 1135 г.) ги приклучил островите кон опатијата Тависток, која подоцна, за време на Англиската реформација, била аболицирана.[13] Доцен среден век и ран модерен период![]() ![]() Во доцниот среден век, имало неколку записи во кои се спомнуваат Островите Сили. Во 14 век, во петицијата за помош до кралот од страна на опатијата и манастирот Тависток, меѓу другите места се спомненуваат и Островите Сили. Исто така, во петицијата на Вилијам л’Поер, напишана во 1305 година до кралот, стоела неговата загриженост за бродоломите на Островите Сили, со нивниот список. За време на Англиската граѓанска војна, во средината на 17 век, меѓу кралот Чарлс I и парламентарците, парламентарците го зазеле островот, но по бунтот на тамошниот гарнизон ги вратиле островите на ројалистите. Во 1651 година, гувернерот Сер Џон Гренвил, кој бил ројалист, ги користел островите за гусарки напади на бродови од Комонвелт и од Холандија. Холандскиот адмирал Мартен Тромп, кој пловел кон островите, кога пристигнал на 30 мај 1651 година, барал исплата на оштета. Бидејќи не ја добил ниту оштетата ниту пак задоволителен одговор, тој ѝ објавил војна на Англија во јуни истата година. Оваа војна, во која не бил испукан ниту еден куршум, во историјата е позната како Тристатриесет и пет годишната војна меѓу Холандија и Островите Сили. Во јуни 1651 година, адмиралот Роберт Блејк ги зазел островите од парламентарците. Во текот на ноќта на 22 октомври 1707 година, на Островите Сили се случила една од најтешките поморски несреќи во британската историја, кога од флотата од 21 кралски поморски бродови, кои се движеле од Гибралтар кон Портсмут, шест од нив претрпеле бродолом на гребените од островите. Во бродоломите загинале најмалку 1450 морнари, заедно со заповедничкиот адмирал Сер Клодслеј Шовел. Постојат записи за потоп предизвикан од цунами по земјотресот во Лисабон, во 1755 година.[14] Островите биле напаѓани и од берберски пирати, кои месното население го продавале како робови на берберскиот пазар.[15] Гувернери на Островите СилиПрв гувернер на Островите Сили бил Томас Годолфин, чиј син Френсис добил закуп на островите во 1568 година. Тие биле Гувернери на Сили, и Годолфините и нивните роднини Озборн ја држеле оваа позиција до 1834 година. Во 1834 година, Август Џон Смит го купил закупот од војводството за 20.000 фунти.[16] Смит ја создал титулата Лорд сопственик на Сили Островите за самиот себе, и многу од неговите постапки биле непопуларни. Закупот останал во неговото семејство сѐ додека не истекол за повеќето од островите во 1920 година, кога сопственоста повторно се вратила на војводството Корнвол. Денес, имотот Дориен-Смит сè уште го задржува закупот за островот Треско.
Географија![]() ![]() Островите Сили се архипелаг од пет населени острови (шестиот Гаг се брои одвоено од островот Сент Агнес) и голем број на мали гребенести, ненаселени островчиња, околу 140, а се наоѓаат на 45 км оддалеченост од копното.[17] Местополжбата на островите е причина за големи контрасти: поволниот ефект на морето, особено поради влијанието на Голфската струја, придонесува да климата е умерена, со ретки врнежи од снег и мразови, што им овозможува на локалните фармери да одгледуваат многу повеќе цвеќе отколку на копното. Се садат режани цвеќина, главно нарциси. Изложеноста на атлантските ветрови, посебно за време на јаките зимски бури, прави да северните делови на островите имаат карпест пејзаж. Оваа табела дава преглед на најважните острови:
Островите Сили во 1975 година биле прогласени за регија на природни убавини. Ова прогласување важи за целиот архипелаг и во него се вклучени и населените острови и малите гребенести островчиња и карпи кои се и најмали во Велика Британија. Островите се познати по својата разновидна фауна, а посебно поради бројноста и разновидноста на популацијата на птици. Овие острови се посебно познати меѓу љубителите на птиците, кои можат овде да ги набљудуваат ретките птици од сите делови на планетата. Месецот октомври е пикот кога овде можат да се сретнат некои од најретките видови на птици во Европа. Плима и осекаРазликата меѓу плимата и осеката на Островите Сили е мошне изразена и изнесува 5,99 метри на островот Сент Мери. Во меѓуостровските делови, морето е поплитко, особено во текот на пролетта, кога осеката прави повлекување на морето, кое овозможува премин меѓу некои острови пешки. При изразена осека, многу од северните острови можат да се достигнат од Треско, вклучувајќи ги тука Бриер, Самсон и Сент Мартин. Од Сент Мартинскиот Вајт Ајланд може пешки да се оди до Литл Ганили и Грејт Артур. Патот меѓу Сент Мери и Треско при осека е обично слабо поплавен, но при екстремно ниски осеки, што ретко се случува, овој пат е сув. КлимаОстровите Сили имаат умерена океанска клима (спрема Кепеновата класификација на климата) и имаат најумерена клима од сите други делови на Велика Британија. Просечната годишна температура изнесува 11,8 °С. Зимите се меѓу најтоплите во Обединетото Кралство, што се должи на ефектот од океаните и иако островите се на иста географска широчина со Винипег во Канада, мразот и снегот на нив се ретки. Летата не се топли како на копното. Најниската било кога измерена температура изнесувала - 7,2 °С, а највисоката било кога измерена температура изнесувала 27,8 °С.[18] Снегот наврнал најмогу на 12 јануари 1987 година и тоа 23 cm. Меѓу месеците мај и ноември, никогаш не била забележана температура под 0 °С. Островите Сили се едни од најсончаните регии во југозападот, со просечно 7 сончани саати дневно во месец мај.
Геологија![]() Сите Острови Сили се изградени од гранитни карпи од раниот Перм. Ирскиот морски ледник од Плеистоцен завршува на северниот дел од Островите Сили во текот на последното Ледено време.[19][20] Влада![]() ![]() Национална владаПолитички островите се дел од Англија, која е една од четирите земји на Обединетото Кралство. Во парламентот на Обединетото Кралство, островите се дел изборната единица Сент Ивс. Локална властСоветот на Островите Сили има одвоена власт од унитарната власт на Корнволскиот совет, така да островите не се дел од административната област на Корнвол, но сѐ уште се сметаат за дел од церемонијалната грофовија на Корнвол.[21] Советот има 21 избран пратеник – 13 се бираат од изборната единица Сент Мери и по двајца од секоја од четирите изборни единици на островите Сент Мартин, Сент Агнес, Треско и Бриер. Последните избори биле на 2 мај 2013 година, а 20-те избрани биле независни пратеници.[22] Некои делови од локалното управување, како на пример здравството, се споделуваат со Корнвол. ЗнамињаОстровите Сили имаат две знамиња:
Служби за итни случаиПолициските сили на островот се дел од полициската област на Девон и Корнвол. Во Хју Таун постои полициска станица. Здравствената итна помош која ги покрива сите острови се обезбедува со помош на хеликоптер. Островот има сопствена пожарникарна единица, која е екипирана од постојани пожарникари на сите населени острови. ОбразованиеОбразованието е достапно до 16-годишна возраст. Постои една училишна установа наречена „Училиште на петте острови“, кое овозможува основно образование на сите острови и средно образование, со соодветна установа на островот Сент Мери. Учениците од средно образование кои живеат на други острови сместени се за време на викендот во соодветен интернат. Учениците меѓу 16-18 години, кои посетуваат бесплатно 1-3 годишно секундарно образование (средно училиште) во државното школство или вакво соодветно средно образование на копното, ним им е овозможен бесплатен авионски превоз и стипендии за сместување. Студенти над 18-годишна возраст може да посетуваат факултети на копното. СтопанствоТуризам![]() Стопанството на Островите Сили се темели денес главно на туризмот преку кој се добиваат 85% од приходите. Туризмот е успешна гранка и се должи на убавата средина, пријатната летна клима, релаксираната култура, ефикасната координација со туристичките услужници и одлични транспортни врски меѓу островите и копното.[25] Најголем број туристи престојуваат во Сент Мари каде и се концентрирани најголем број на туристичките сместувачки капацитети. Од другите острови, Треско е најмногу ориентиран кон развојот на туризмот. Туризмот е сезонски ориентиран, но се прават обиди да се продолжи сезоната до октомври, кога поради преселбата на птиците доаѓаат сѐ повеќе љубители и на набљудувачи на птици. ОрнитологијаПоради својата положба овие острови се првото слетувалиште на бројни птици при нивната миграција. Слетуваат и многу ретки птици дури од Северна Америка и Сибир. На островите живее и светски познатиот орнитолог Вилијам Вегстеф. ВработувањеНајголем број на вработени (околу 65%) на островите се во туризмот. Поради сезонскиот карактер на туризмот и многу од вработувањата се од сезонски и привремен карактер.[25] Сообраќај![]() ![]() Сент Мери островот има поразвиена автопатна мрежа, а во 2005 година биле регистрирани 619 возила на островот. На островот постои такси служба и туристички автобуси. На овој остров се наоѓа и истоимениот аеродром кој ги поврзува островите со повеќе аеродроми на копното.[26] На островите Сент Мери и Треско има и хелидроми со можност за хеликоптерски превоз меѓу островите, а по изградбата на новиот хелидром во Пензанс треба да отпочнат и летовите од Корнвол во 2019 и 2020 година. Бродскиот сообраќај се одвива преку пристаништата во Пензанс и Сент Мери преку компанијата Isles of Scilly Steamship Company (ISSC), која превезува и стока и патници. Островите меѓусебе се поврзани со моторни бротчиња.[27] КултураНаселениеСпоред пописот од 2001 година во Велика Британија, 97% од населението на Островите Сили биле бели Британци, а 93% од жителите се родени на островите или главном на Корнвол.[28] По проширувањето на ЕУ, има доселеници од Источна Европа, но има и нешто малку Австралијанци, Ново Зеланѓани и Јужно Африканци. Островите важат за земја каде криминалот е заборавен, што е одраз на многу ниско ниво на криминал.[29] СпортЕден од популарните спортови денес, кои се наследени од минатото, се трки со веслачки бродови кои се со специфична градба, типична за овие острови и кои имаат шесточлен екипаж. Трките се одвиваат меѓу островите, а секоја година во месец мај се одржуваат годишни натпревари во кои учествуваат пилот кајаци од островите и од Корнвол. На островите функционира и најмалата фудбалска лига - Фудбалска лига на Островите Сили,[30] која има само две екипи. На островот Сент Мери постојат и голф терени и голф клуб. КнижевностПостојат повеќе романи, новели и песни во кои се спомнуваат Островите Сили. Хероината на романот на Валтер Безан, Арморел од Лајонес, дошла од островот Самсон, а околу половина од дејствието на романот се одвива на Островите Сили. Настаните во романот Маразан, на писателот Невил Шут, се случуваат, делумно, на овие острови. Пет детски книги напишани од Мајкл Морпурго, Зошто китовите дојдоа, Заспаниот меч, Бродоломот на Занзибар, Артур, големиот крал на Британија и Слушајте ја Месечината се случуваат на Островите Сили. Загатката на Самсон, романот на Ендру Гарве (псевдоним на Пол Винтертон) се случува главно на Островите Сили. Во романот Собата на Јаков, од Вирџинија Вулф, херојот и неговиот пријател пловат околу островите. Романите што ја сочинуваат Кортес трилогијата од Џон Пол Дејвис се одвиваат на Островите Сили. Каменот во крвта [31] напишан од Колин Џордан и Дејвид Ингланд се случува на островите и во 1974 година и во железното време, кога поголем дел од Островите Сили сѐ уште биле споени со копното. ПесниОстровите Сили се споменуваат во традиционалната британска поморска песна „Шпански дами“. Островите Сили се споменуваат во песната „Феноменална мачка“ од The Kinks од нивниот албум The Kinks Are the Village Green Preservation Society. Островите Сили е песна од исландскиот уметник Катманик.[32] Значајни луѓе![]()
ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia