Скореновац
![]() Скореновац (српски: Скореновац, унгарски: Székelykeve, германски: Skorenowatz) е село во општина Ковин, Јужнобанатски округ во автономната област Војводина, Србија. Најблиски градови се Ковин - 6 км, Панчево - 30 км и Белград - 46 км. ИсторијаСелото Скореновац е основано во 1869 меѓу селото Банатски Брестовац и реката Дунав. Основано од унгарски семејства (Palóc), кои доаѓаат од Банатско Ново Село (Újfalu), Арменовци (Ürményháza) и Шандорфалва (Sándorfalva), а имало и некои семејства кои дошле од околината на Сегед (Szeged) и Банатски Душановац (Szőlősudvarnok/Rogendorf). Селото во 1869 броело 396 жители. Подоцна, во 1883 година, доаѓаат 645 Секели, и така вкупното население на Скореновац брои околу 2 000 жители. Во тој период, поради отсуството на брани крај реката, секоја година Дунав се изливал од коритото и му нанесувал штети на селото и неговото обработливо земјиште. Оваа постојана закана од поплава ги тера жителите да се преместат. Мала група од нив се селат во Иваново. Новото село е основано во 1886 година, по времето на Франц Јосиф I - император на Австроунгарија, и го носело името Секејкеве (Székelykeve). Најбројни жители биле Секелите, дојдени од Буковина. Заедно со нив се доселуваат и извесен број на германски семејства од Пландище (Zicsifalva) и Плочице (Plosic) и банатски бугарски семејства од Стар Бешенов. Скореновац е најјужно место на светот каде су најбројни жители унгарци. Историски имиња на месноста на селото низ вековитеИсториски имиња на месноста: Имиња на селото:
Население и распределба по етнички групи
Селски празници и обичаи
Личности
Разни слики од традицијата и секојдневниот живот
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia