Славејче или славеј (науч. Luscinia megarhynchos) — мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Таа е континентална птица позната по својата убава песна. Славејчето го има во Македонија.
Опис
СлавејчеLuscinia megarhynchos
Славејчето е малку поголемо од црвеногушката, долго 15-16,5 см. Светлокафено е одозгора, освен црвеникавата опашка. Одоздола е кремастобело. Половите се слични. Источните подвидовиL. m. hafizi и L. m. africana се посветли одозгора со поизразена украсеност на лицето. Песната на славејчето[2] е опишана како еден од најпрекрасните звуци во природата, и служи како инспирација на создавање музика, приказни, опери, поезија.[3]
Распространетост и живеалиште
Славјчето е птица преселничка која се храни со инсекти и се размножува и е природен жител на шумовитите предели и грмушките во Европа и југозападна Азија, и не е природна неговата распространетост во Америка. Гнезди на земја во близина, или на самите грмушки. Зимува во јужна Африка. За географските параметри на живеалиштето, од рајнската област во Германија, се согласуваат со неколку параметри:.[4]
живее на помалку од 400 м надморска височина;
кога растат, температурата на воздухот не може да биде под 14 °C;
повеќе од 20 дена годишно температурите да бидат над 25 °C;
годишните врнежи да бидат помалку од 750 мм;
индексот на влажност да е помал од 0.35;
да нема затворена крошна на дрвјата.
Поведение
Англискиот назив на птицата Nightingales (ноќна песнопојка), потекнува од тоа што птицата пее и ноќе исто како и дење. Тоа име се користи повеќе од 1000 години. Порано писателите мислеле дека женките пејат, а тоа се всушност мажјаците. Песната е гласна, со импресивна палета на свиркање, треперење и црцорење. Таа е особено забележлива во текот на ноќта, затоа што и неколку други птици пеат. Само неспарените мажјаци пеат редовно во текот на ноќта, и ноќната песна веројатно служи за да се привлече партнер. Пеењето, пак, во раните утрински часови, точно пред изгрејсонце, се претпоставува дека е важно за одбраната на територијата на птиците. Славејчињата уште погласно пеат во урбаните или во места близу до урбаните за да ја надминат градската бучава.
Размножување
Славејот пристигнува на местото за размножување во почетокот на април. Прво доаѓаат мажјаците околу 28 март, а женките пристигнуваат околу 12 април. Тие се територијални птици.
Гнездото го поставуваат на ниско на дното на гранките или во грмушките, и го гради главно од стари листови,а внатрешниот дел е послан со тенки тревички. Обично, годишно имаат по две легла. Женката несе 4-5 темнозелени јајца кои се изведуваат по 14 дена. По изведувањето пилињата брзо добиваат пердуви, а на дванаесеттиот ден почнуваат да го напуштаат гнездото.
Славејот во уметноста и во популарната култура
Славејот е важен симбол на поетите од различни времиња, со различни симболички значења. Хомер, на пример го прикажува славејот во „Одисејата“, во делот што укажува на митот за Филомела и Прокне, каде Зевс ги казнува претворајќи ги едната во славеј, другата во ластовичка.[5][6] Истиот мит е во фокусот на Софоклевата трагедија „Тереј“. Овидиј, исто така, во своите „Преобразби“, ја вклучува најпопуларната верзија од овој мит.[7] Поради насилствата поврзани со митот, песната на славејот долго време била толкувана како жална. Во ренесансата, еден од расказите во „Декамерон“ од Бокачо се вика „Славејчето“[8][9]
Славејот, исто така, е инспирација за поетите.[10] Поетите го избраат славејот како симбол, зарди неговата креативна и навидум спонтана песна. Вергилиј ја споредува тагата на Орфеј со „жалната песна на славејот“.[11]Шекспир во Сонет 102, ја споредува својата љубовна поезија со песната на славејот, спомнувајќи го митот за Филомела. За време на романтизмот симболиката на птицата се смени уште еднаш: поетите го гледале славејот не само како поет, сам за себе, туку како „господар на вишата уметност, кој му дава вдахновение на човечкиот поет“. Во Македонија, најстариот и најпопуларниот фестивал за детски песни се вика „Златно славејче“, јасно симболизирајќи и поврзувајќи го пеењето на децата со песната на славејот.
↑Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 205.
↑Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 90.
↑Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 22.
↑Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 54-55.
↑A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 268.
↑A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 148.
↑Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 35.
↑„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
↑Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.