Славеј (планина)За други значења на поимот, погл. Славеј (појаснување).
Славеј — планина во областа Дебрца, Западна Македонија, во состав на големиот масив Шара-Кораб-Дешат-Стогово-Караорман. На југ се граничи со Караорман (во потесна смисла), а на север со Бистра. Важи за дел од Караорман. ИсторијаЗа време на Втората светска војна, планината Славеј била партизанска база во состав на слободната територија Дебрца. На неа во 1943 г. се основани неколку партизански единици: одредите „Дримкол“ и „Славеј“, баталјонот „Мирче Ацев“, а во 1944 г. и Шестата македонска ударна бригада. Планината Славеј како седиште на партизаните во Втората светска војна е опеана во народната песна „Гледај ме, мило либе“.[1] На Славеј Планина на 18 август се одбележува Денот на Армијата на Република Македонија, кој е денот на основањето на баталјонот „Мирче Ацев“.[2] Славеј Планина како мотив во уметноста
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia