Славе Иванов
Славе Иванов (роден во 14 декември 1888 година во Штип - починал на 1948 година во Скопје) — македонски револуционер, припадник на ВМРО и на МФО.[1] ЖивотописСлаве Иванов во Балканските војни бил секретар на војводата Иван Јанев-Брло и доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[2] Во 1914 година го убил обвинетиот србоман Стефан Дедов.[3]. По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, влегол во ВМРО и станал близок соработник на Тодор Александров. Во 1919 година е еден од организаторите на бегството на Александров од затворот.[4] Поради несогласувањето со Александров се повлекол од ВМРО (1921) и формирал нова организација (Македонска федеративна организација). Соработувал со земјоделската влада на Александар Стамболиски и со Кралството на СХС, поради кое бил осуден на смрт од страна на ВМРО[5]. Во јуни 1923 година заедно со Филип Атанасов бил дел од делегацијата на МФО во Москва[6] Во 1923 емигрирал во Виена и како претставник на МФО се вклучил во ВМРО (Обединета) заедно со Филип Атанасов и Тодор Паница[7]. Участвувал во преговорите за потпишување на Мајскиот манифест во 1924 година. Во 1948 година бил осуден од југословенските судски власти. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia