Славонски Брод
Славонски Брод (хрватски: Slavonski Brod) — град во Хрватска и административен центар на Бродско-посавска жупанија. Според првичните резултати од пописот 2011, во градот живееле 59.507 жители, а во самото населено место живееле 53.473 жители. Славонски Брод е најголем и најзначаен град во Славонија. ГеографијаСлавонски Брод се наоѓа на северниот брег на реката Сава, на границата со Босна и Херцеговина и е центар на Бродско-посавска жупанија. Претставува раскрсница на главните сообраќајни правци во правец запад-исток и север-југ. Низ Брод поминува и железничка пруга и автопат кој ја поврзува Западна Европа со Блискиот Исток, а на реката Сава има мост кој ја спојува Хрватска со Босна преку официјален граничен премин. Градот е сместен на пола пат помеѓу Загреб и Белград, на крајниот југ на Панонската Рамнина, помеѓу Бродско Брдо на север и реката Сава на југ. Пловниот пат на реката се користи уште од римско време, а паралелно со реката Сава, денес, низ славонската рамнина се простира и нафтовод. ИсторијаНаселба на овој дел од Хрватска постоела уште во праисториско време, благодарениe на поволната географска положба, умерената континентална клима, плодната почва и близината на реката. Градот го доби името Брод кое на почетокот значело место на кое се прегазува реката, а после и средство за остварување на истото. На североисточниот дел на градот, во месноста Галово, не многу одамна е откриено богато наоѓалиште на античка култура од раното камено време. Освен фактот дека се работи за најголемото наоѓалиште од каменото време на подрачјето на Северна Хрватска, исклучително е значајно да се нагласи дека пронајдените остатоци го потврдуваат 8.000 години старото населување на Брод. Денес Славонски Брод е сообраќаен град на автопатот кој ја поврзува Средна и Западна Европа со Мала Азија. Како административен центар на жупанијата и индустриски центар, Славонски Брод и понатаму расте и се развива, поготово во последните десетина години. НаселениеГрад Славонски БродБрој на жители според попис
Славонски Брод (населено место)Број на жители според попис
ОбразованиеДенес во Славонски Брод поштои Машински факултет, Висока учителска школа, осум средни и единаесет основни училишта. Од установите на претшколска возраст, во градот постојат седум детски градинки, Центар за рехабилитација на деца со попречен развој и една Музичко-јазична работилница. Стапката на неписмени е ниска во однос на вкупниот број на жители. Најголемиот број на неписмени се старите лица. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia