Слагарче![]() Слагарче — помала бордунска цевка од брчалото, аерофоничен музички елемент на гајдата.[1] Слагарчето заедно со брчалото на гајдата ѝ дава една особеност - постојана бордунска придружба која се одразува во конечната звучно-интонативна емисија. Бордунот претставува стабилна интонативна подлога. Овој вид на музика (бордунска) е особеност за одредени области во светот меѓу кои и Македонија.[2] Доколку гајдата има слагарче, таа е тригласна. Доколку има само брчало, таа е двогласна. Најмногу гајди со слагарче се среќаваат во Овчеполието.[2] ОписСлагарчето е составено од два дела кои се навлекуваат еден во друг со што овозможуваат негово скратување и продолжување со што се постигнува посакуваната висина на тонот. Првиот дел во кој што влегува писката се нарекува пискарник, вториот брчало.[2] Слагарчето како пократко од брчалото се остава да виси. ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia