Сладок компир или батат (науч.Ipomoea batatas) — дикотиледонско растение од фамилијата повивки (Convolvulaceae). Неговите скробести слатки кртоли се важен коренест зеленчук во исхраната на разни народи.[1][2] Младите листови и фиданки понекогаш се консумираат како зелје. И покрај називот, слаткиот компир не е близок сродник на компирот (Solanum tuberosum).
Родот слак (Ipomoea) што го содржи слаткиот компир опфаќа и други слични растенија што не јадат, туку се одгледуваат како градинарско цвеќе.
Растението е биленповеќегодишенползавец со наизменични срцевнидни или длаковидно назабени листови и сраснатовенечни цветови со средна големина. Коренот (кртулата) е издолжен и зашилен и има мазна лушпа чија боја може да биде жолта, портокалова, црвена, кафеава, виолетова или драп. Внатрешноста може да биде нијанса од драп до бела, црвена, розова, жолта, портокалова или виолетова. Сортите со бела и светложолта внатрешност се понеутрални по вкус, додека црвените, виолетовитеи портокаловите се послатки.[3]
†Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[4] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[5] Source: nutritiondata.com
Потекло и распределеност
Насад на сладок компир
Слаткиот компир потекнува од Средна или Јужна Америка, каде е воедно и одомаќинет,[6] Во а познато е дека во Средна Америка се одгледува веќе 5.000 години.[7] Во Перу (Јужна Америка) постојат наоди од слаткиот компир што датираат од 8000 п.н.е.[8]
Стручната јавност[9] смета дека слаткиот компир поточно потекнува од подрачјето помеѓу полуостровот Јукатан во Мексико и устието на реката Ориноко во Венецуела и дека припитоменото растение веќе било распространето низ Карибите и Јужна Америка во 2500 п.н.е.
Според статистиките на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), вкупното светско производство во 2004 изнесувало 127 милиони тони.[10] Највеќе се произведува во Кина (105 милиони тони од насади со површина од 49.000 км2). Приближно половината од приносот во Кина се користи како сточна храна.[7]
Во Нов Зеланд годишно се произведуваат над 20.000 тони сладок компир, кој локално се нарекува „кумара“ (маорски:kūmara и се одлгедувал како главна прехранбена култура долго пред доселувањето на европејците.[13]
Одгледување
Растението не трпи мраз. Најдобро успева на просечна температура од 24 °C, многу сонце и топли ноќи. Најпогодно количество на врнежи е 750-1000 мм годишно, а најмалку 500 мм во вегетативниот период. Околу 50–60 дена по засадувањето, кртолата ги пушта првите никулци и тогаш е мошне чувствителна на суша, но исто така не трпи премногу вода, што може да ја изгние кртолата. Растот се намалува доколку почвата не е добро проветрена.[14]
Зависно од сортата и условите, кртолата созрева за два до девет месеци. Доколку се посвети внимание, раносозревачките сорти можат да се одлегуваат како едногодишна летна култура во умерени подрачја. Слаткиот компир ретко цвета кога денот е подолг од 11 часа, што е редовна состјба во тропите. Расадувањето се врши со режење на стеблото или корењата or root cuttings или со адвентивни корења што изникнуваат од кртулите кога веќе се складирани. Семето се користи само за размножување.
Слаткиот компир добро успева во најразлични услови и нема природни штетници, па затоа ретко се јавува потребата од пестициди. Виреат во најразлични почви, но треба да бидат добро исцедени, лесни до средни по густина и, по можност, со киселост од 4,5 до 7,0 pH.[2] Успеваат дури и во сиромашни почви со мошне малку ѓубриво. Извесен недостаток е тоа што растението воопшто не трпи алуминиум во почвата и умира во рок од шест недели доколку ваквата почва не се налее со вар.[2] Слаткиот компир е лесен за садење бидејќи се одгледува од изрежани фиданки наместо од семиња. Плевењето е сведено на минимум бидејќи растението се шири мошне бргу и со тоа ги засенува несаканите штети растенија. Во тропите, растението може да се одлегува на земја и да се бере по потреба, но во умерените краишта истото се одлегува на поголеми насади и се бере пред доаѓањето на првиот мраз.
Принос
Во 2010, просечниот принос на сладок компир на светско ниво изнесувал 13,2 тони по хектар. Најголем принос по единица површина има во Сенегал, со просек од 33,3 тони по хектар.[15] Во Израел се забележани и проноси од 80 тони по хектар.[16]
При споредувањето со другите зеленчуци, утврдено е дека слаткиот компир е на прво место по содржината на прехранбени влакна, сложени јаглехидрати, белковини, витамини А и Ц, железо и калциум, далеку над обичниот компир. И покрај зборот „сладок“, покажано е дека слаткиот компир е добар за дијабетичари бидејќи го стабилизира шеќерот во крвта и ја намалува отпорноста на инсулин.[17]
Споредба со други прехранбени култури
На табелава е претставена хранливата содржина на слаткиот компир во однос на други основни прехранбени култури. Може да се забележи дека слаткиот компир содржи помалку калории и белковини по единица тежина отколку житарките, но затоа ги надминува во содржината на витамини и минерали.[18]
Грнчарска ракотворба во облик на сладок компир. Култура Моче, 300 г. н.е.Пресечен портокалов сладок компирВиолетов сладок компир (кумара)Пржен сладок компир со плескавица и салатаЈужноамерикански десерт од сладок компир
↑Alison Clare Steingold (август/септември 2008). „The Uber Tuber“. Hana Hou!, год. 11, бр. 4 (стр. 2). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Надворешна врска во |work= (help)
Abidin, P.E. 2004. Sweetpotato breeding for northeastern Uganda: Farmer varieties, farmer-participatory selection, and stability of performance. PhD Thesis, Wageningen University, The Netherlands, 152 стр. ISBN 90-8504-033-7.
Ahn, P.M., 1993, "Tropical soils and fertilizer use", Intermediate Trop. Agric. Series. Longman Sci. and Tech. Ltd. UK.
Austin, D.F. 1988. The taxonomy, evolution and genetic diversity of sweetpotatoes and related wild species. In: P. Gregory (ed.). Exploration, maintenance, and utilization of sweetpotato genetic resources, стр. 27–60. CIP, Lima, Peru.
Hartemink, A.E., S. Poloma, M. Maino, K.S. Powell, J. Egenae & J. N. Sullivan, (2000). Yield decline of sweet potato in the humid lowlands of Papua New Guinea. Agriculture, Ecosystems and Environment 79 (2-3), 259-269.
Purseglove, J.W. 1991. Tropical crops. Dicotyledons. Longman Scientific and Technical. John Wiley and Sons, Inc. NY. USA.
Woolfe, J.A., 1992, "Sweetpotato: an untapped food resource", Cambridge Univ. Press and the International Potato Center (CIP). Cambridge, UK.
Zhang, D.P., M. Ghislain, Z. Huamán, J.C. Cervantes and E.E. Carey 1998. AFLP assessment of sweetpotato genetic diversity in four tropical American regions. CIP Program Report 1997-1998, стр. 303–310.