Слатински Извор (пештера)
Слатински Извор — најголемата пештера во Македонија,[2] во околината на с. Слатина во областа Порече, на левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Во 2011 г. пештерата со закон е прогласена за споменик на природата.[3] Настанок и одликиСоздадена е во доломитски мермери со проблематична старост. Пештерата е сочинета од еден долг канал од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали[4]. Досегашната вкупна и истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал. На одделни места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала (20 х 15 м) создадени се и поголеми сталагмити. Истражена должина на пештерата изнесува 800 м, но досега е познато дека е долга повеќе од 4 км.[5] На одделни места од главниот канал преовладуваат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала создадени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува понорница во должина од 557 м, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во кои е утврдена присутност на пештерски ракчиња, како и огромно зелено пештерско езеро. Според должината, разновидната внатрешност и местоположбата, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена. Пештерски украсиСпоред условите во кои се формирани, украсите во пештерата Слатински Извор припаѓаат на три групи: украси формирани од вода што тече и вода прокапница, украси формирани од капиларна вода и басенски депозити. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia