Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, сместено од левата страна на реката Треска.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 580 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 19,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.649 хектари, на пасиштата отпаѓаат 147 хектари, а на обработливото земјиште 100 хектари.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат Македонски Брод-Самоков.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 55 семејства и 3 неженети, сите христијани.[3]
Во XIX век, Слатина било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатино се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 265 жители, а во 1994 година 51 жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Слатина имало 30 жители, од кои 29 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Слатина е чисто македонско православно село. Во селото има има 7 родови, сите доселенички, кои се делат на родови со познато место на старина и родови со непознато место на старина.
Родови во Слатина се:
Доселеници:Богевци (13 к.), Марковци (24 к.), Филиповци (12 к.) и Вељановци (16 к.), по преданието предците на овие родови биле браќа, но не се знае од каде се доселени; Мојсовци (8 к.), доселени се од Закамен во Охридско (така жителите на овој род велат); Драгодоловци (3 к.), доселени се од селото Драгов Дол; Аранѓеловци (1 к.), потекнуваат од селото Арангел во Кичевско, од таму се иселиле поради албански зулуми, најпрво во селото Горно Крушје, а од таму во Слатина.[14]
Самоуправа и политика
Слатинска РекаПоглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Слатина се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Jovanovič P.S. (1928): Karsne pojave u Poreču. Glasnik Skopskog naučnog društva, knj. IV, Skoplje, 1-46
↑Димитровска, Олгица (2012). Географски разгледи. Скопје: Институт за географија. стр. 41–42.
↑ 23,023,123,223,3. Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)