Слаткарски занаетСлаткарски занает — тип на занаетчии слаткари[1] кои прават слатки и разни освежителни пијалаци. Материјалите што ги користи во својата работа се главно чоколадо, јајца, шеќер, брашно, овошје и млеко. Прибор за слатките и алат што слаткарот ги користи во својата работа се: тенџериња, калапи, миксери, маталки, дрвени лажици, сита и разни други машини и уреди. Слаткарскиот занает во Македонија е наследен од Турците. Во почеток на 20 век веќе многу почнал да се развива а помеѓу населението најбарани производи биле алвата и бозата[2]. Со економската криза која настапила подоцна, многу слаткари заминае на печалба во регионот а некои и во Белград. Записите укажуваат дека во 1030 година во Белград биле регистрирани 46 мајстори - слаткарџии и бозаџии. ПроизводиВо минатото во слаткарските работилници најчесто се правеле алва, локуми, шеќерни јаболка, сусамки, шеќерлеме, јатма – шеќер или шарени бонбони, свилени бонбони, леблеби шеќер. На панаѓури или селски слави често овие занаетчии ги носеле во плетени кошници нивните производи и ги продавале. Слаткарските производи што слаткарот денес ги прави по рецепти можеме да ги купиме во слаткарницата. Тоа се колачи, торти, сладолед, овошни салати, овошни сокови, лимонада, боза и сл. Колачите кои можеме да ги најдеме во слаткарницата се: Реформ торта, Добош торта, Плазма торта, и др видови на торти и разни видови овошни и чоколадни колачи. Слаткарот прави различни видови колачи: тулумба, кремпита, шампита, баклава, трилече, еклери, слаткарски крем, салеп и др. Слаткарот треба да биде педантен, креативен и вешт во својата работа. Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia