Смокови
Смокови (науч. Colubridae) — најголемата семејство на змии, опфаќајќи околу две третини од видовите во светот (304 рода со 1.938 видови). Фамилијата за првпат се јавува во олигоценската епоха. Живеат на сите континенти освен Антарктикот.[1] Во Македонија живеат 11 вида смокови од вкупно седум рода:[2]
ОписНајвеќето се неотровни (или „полуотровни“, т.е. чиј отров е неопасен за човекот) и се претжено безопасни, постојат неколку групи, меѓу кои е родот бојга, што можат да предизвикаат медицински значителна штета. Забележани се човечки жртви од бумслангот, гранчестата змија и азискиот род долгозаби смокови (Rhabdophis).[1][3] Некои видови се заднозабни (опистоглифни), т.е. имаат издолжени жлебести заби во задниот дел на горната вилица.[3] По ова се разликуваат од отровниците и штитовратките, чии заби се сместени напред.[1][3] КласификацијаСмоковите се природна група, па затоа многу видови се во поблиско сродство со други групи (како штитовратките) отколку меѓусебно.[4] Фамилијата претставува класичен случај на таксон за „отпадоци“, кајшто се сместуваат видовите што не припаѓаат на ниедна друга група.[5] Во науката се работи на истражувања што би ја ставиле во ред оваа мешавина. потсемејство Boodontinae
потсемејство Calamariinae потсемејство Colubrinae — речиси 100 рода потсемејство Dipsadinae
потсемејство Homalopsinae - околу 10 рода потсемејство Natricinae - околу 30 рода потсемејство Pareatinae - околу рода потсемејство Psammophiinae потсемејство Pseudoxenodontinae потсемејство Pseudoxyrhophiinae - околу 20 рода потсемејство Xenodermatinae потсемејство Xenodontinae - околу 55-60 рода несигурни (incertae sedis)
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia