Ждрепка (змија)
Ждрепка (науч. Elaphe quatuorlineata) — неотровна змија од семејството на смоковите (Colubridae). ОписВозрасните единки се жолтеникаво кафеави со четири темни пруги, на кои се однесува научното име на видот.[2] Од окото до аголот на устата накосо се протега долгнавест темен белег. Младите на грбот имаат низа темнокафеави дамки со наизменични темнокафеави точки од страните, сите на светла заднина.[3] Возрасните змии достигнуваат должина од 2,6 м, а понекогаш и повеќе. Лушпите на грбот се малку (но сепак забележливо) засртени. Највеќето имаат и предочни лушпи.[4] РаспространетостОваа змија се среќава во Македонија[5], јужна Европа, и тоа претежно во Италија и на Балканот, од Словенија до Грција. Понто-средоземен вид на змија, кој се среќава најчесто по рабови на шуми и живи огради, отворени шуми и каменести обраснати падини. Претпочита топли и сенчести места, најчесто влажни станишта и може да се сретне во мочуришни подрачја и близу до локви и потоци. Често лови во топли и облачни услови во самрак, а добро се искачува на дрвја и плива. Ждрепката е релативно флегматична и слабо подвижна змија. Таа е најголема и најробустна змија од сите крупни европски змии, достигнувајќи должина до околу 260 cm. Во рамките на Национален парк Галичица, таа е присутна на надморски височини од бреговите на езерата до 1.650 m во отворени шумски подрачја, чистинки и суви тревести терени. Авторот на овој извештај го регистрира присуството на оваа змија на локалитетот Преслап (1.600 m), карпестиот рид над село Лескоец, во ливадите кај локвата Глајшо и во близина на планинската куќа.[6] ЗаштитаОд Европските документи видот е заштитен согласно: Директива за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита; Анекс IV: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и се под строга заштита, Конвенција за заштита на европскиот див свет и природните живеалишта (BERN) – Апендикс II строго заштитени фаунистички видови, како и според Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови од дивата фауна и флора (CITES).[6] Наводи
Литература
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia