Снежана Веновска-Антевска
Снежана Веновска-Антевска (2 јули 1959, во Скопје) — македонски филолог, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, со потесна специјалност — Современ македонски јазик и синтакса.[1] ЖивотописЗавршила гимназија, а потоа дипломирала на Филолошкиот факултет (македонски јазик) во Скопје (1978 — 1982). На истиот факултет магистрирала на темата „Спротивната реченица кај македонските автори од XIX век“ (1983 — 1989) и докторирала на темата „Сврзникот НО во македонскиот јазик (синхронија, дијахронија, перспективи)“ (2001). Работи во Институтот, од асистент во Одделението за современ јазик, до директор (2002 — 2006). Автор е и соавтор на неколку книги, голем број статии и други прилози. Била член е на Советот за македонски јазик при Министерството за култура на РМ. Библиографија
Литература
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia