Собата за човекови права и сојуз на цивилизациите е просторија за состаноци на Советот за човекови права на Обединетите нации, во Палатата на народите во Женева.
Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ француски: Conseil des droits de l'homme des Nations unies,[1]) е тело на Обединетите нации чија мисија е да ги промовира и заштити човековите права ширум светот.[2] Советот за човекови права на Обединетите нации има 47 члена избрани за тригодишен мандат на регионална основа.[3] Седиштето на Советот е во Женева, Швајцарија.
Советот за човекови права на Обединетите нации ги испитува наводите за кршење на човековите права во земјите-членки на ООН и се осврнува на важни тематски теми за човековите права како што се слободата на здружување и собирање,[4]слобода на изразување,[5] слобода на верување и религија,[6]женски права,[7] ЛГБТ права,[8] и правата на расните и етничките малцинства.[б 1]
Советот за човекови права на Обединетите нации е основан од Генералното собрание на ООН на 15 март 2006 година (со резолуција А / РЕС / 60/251) како замена на Комисијата на ООН за човекови права (УНЦХР) која беше остро критикувана поради дозволувањето земји кои имаат лоши извештаи во врска со почитувањето на човековите права да станат членови.[9]
Структура
Членовите на Генералното собрание ги избираат членовите кои ги пополнуваат 47те седишта на Советот за човекови права. Мандатот на секој член е три години, и со неможност за повеќе од два последователни мандати. Седиштата се дистрибуираат меѓу регионалните групи на ООН на следниот начин: 13 за Африка, 13 за Азија, шест за Источна Европа, осум за Латинска Америка и Карибите и седум за Западна Европа и други групи.[10] Претходната Комисија за човекови права во Обединетите нации имаше 53 членови избрани од страна на Економско-социјалниот совет (ЕКОСОК) со мнозинство од присутните кои гласаат.
Генералното собрание може да ги суспендира правата и привилегиите на кој било член на Советот за кој одлучи дека упорно извршувал грубо и систематско кршење на човековите права за време на мандатот на членство. Процесот на суспензија бара двотретинско мнозинство гласови од страна на Генералното собрание.[11] Во резолуцијата за основање на Советот за човекови права на Обединетите нации се вели дека „при изборот на членови на Советот, земјите-членки ќе го земат предвид придонесот на кандидатите за унапредување и заштита на човековите права и нивните доброволни заложби и обврски преземени за тоа“, и дека „членовите избрани во Советот ги поддржуваат највисоките стандарди во унапредувањето и заштитата на човековите права“.
Седници
Советот за човекови права одржува редовни сесии трипати годишно, во март, јуни и септември.[12]
Советот може во секое време да одлучи да одржи специјална седница за адресирање на повреди на човекови права и вонредни состојби, на барање на една третина од земјите-членки. До денес имало 28 специјални сесии.
Членови
Советот се состои од 47 члена, избрани на годишно ниво од Генералното собрание за мандат од три години. Членовите се избираат преку основа на правична географска ротација со помош на регионалниот систем за групирање на Обединетите нации . Членовите имаат право на повторен избор за уште еден мандат, по што мора да се откажат од своето место.[13]
Важна компонента на Советот се состои во периодичен преглед на сите 193 земји-членки на ООН, наречен Универзален периодичен преглед (УПР).[32]
Новиот механизам се заснова на извештаи што доаѓаат од различни извори, од кои едниот е придонес од невладини организации (НВО). Состојбата на секоја земја ќе биде испитана за време на три и полчасовна дебата.[33][34]
Првиот циклус на УПР се случи помеѓу 2008 и 2011 година,[35] вториот циклус помеѓу 2012 и 2016 година,[36] и третиот циклус започна во 2017 година и се очекува да биде завршен во 2021 година.[37]
Резолуција на Генералното собрание за формирање на Советот пропишал „Советот да ја разгледа својата работа и функционирање пет години по формирањето“.[38] Главната работа на прегледот беше преземена од страна на Меѓувладина работна група основана од Советот во неговата Резолуција 12/1 од 1 октомври 2009 година.[39] Прегледот бил финализиран во март 2011 година, со усвојување на „Резултат“ на шеснаесеттата седница на Советот, како анекс на Резолуцијата 16/21.[40]