Соларис
![]() Соларис (руски : Солярис) - руски филм од 1972 година, во режија на Андреј Тарковски, кој е автор и на сценариото, заедно со Фридрих Горенштајн, засновано врз романот „Соларис“ од Станислав Лем. Улогите во филмот ги толкуваат Наталија Бондарчук, Донатас Банионис, Јури Јарвет, Николај Гринко и Анатолиј Солоницин. Музиката за филмот е дело на Едвард Артемјев. ![]() За филмотСоларис е медитативна психодрама која се одигрува на вселенска станица во орбитата на планетата „Соларис“. Филмот се одликува со комплексност и бавност, па понекогаш е споредуван и со западните научно-фантастични филмови коишто се одликуваат со посебни ефекти и претставување на иднината во замислена верзија. Филмот бил одлично прифатен од критичарите и се смета за едно од најдобрите остварувања на Тарковски, а воедно и за еден од најдобрите филмови на сите времиња. Филмот е добитник на специјална награда од жирито на Канскиот филмски фестивал, како и на наградата „FIPRESCI“, а бил номиниран за наградата „Златна палма“. Својата премиера, филмот ја има доживеано на 13 мај 1972 година, на Канскиот филмски фестивал, додека во Советскиот Сојуз тоа се случило на 5 февруари 1973 година. Филмот трае 165 минути, а е снимен со буџет од околу милион рубљи. Во 2002 година била снимена преработка на овој филм, во режија на Стивен Содерберг.[1] СодржинаКосмонаутот Крис Келвин (го игра Банионис) е испратен на меѓународната вселенска станица, која што се наоѓа на планетата Соларис каде веќе неколку децении се спроведуваат истражувања на необичната активност на тамошниот интелигентен океан. Неговата задача е да ги испита соминтелните настани кои се случуваат во базата и да донесе одлука за нејзино затворање или за бомбардирање на океанот со радиоактивни бранови.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia