Сотоцвански јазици
Сотоцванските јазици се група на мошне сродни јужни банту-јазици што се говорат во јужна Африка. Тие се:
Ова групирање соодветствува на рубриката S.30 во Гатриевата класификација[1] на јазиците од семејството банту. Цвана, јужниот сото и разните дијалекти што го сочинуваат северниот сото се заемноразбирливи. Северниот сото е категорија која не е препознатлива како јужен сото, ниту пак како цвана,[2] и опфаќа најразлични дијалекти како педи (сепеди), цвапо (сецвапо), ловеду (килобеду), пај и пулана. Махо (2002) ги остава источносотските варијанти куцве, пај и пулана како некласификувани во склоп на сотоцванската група. Лози се говори во Замбија и североисточна Намибија (во појасот Каприви). Значително се разликува од останатите сотоцвански јазици по големите влијанија од јазикот лујана, и можеби други замбиски и капривски јазици. Во Гатриевото дело, лози е погрешно класификуван како K.21.[3] Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia